Едноставни трикови со кои ќе им го продолжите животот на кујнските садови и приборот

Исчистете ги загорените тави со мешавина од оцет и сода бикарбона, а за да го отстраните непријатниот мирис од даската за сечење истријте ја со лимон и сол.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-01.jpg

Дури и да ја купите најскапата тава, ако не сте внимателни кога ја користите и чистите, сигурно нема да ви трае долго.

Кујнските садови и приборот за јадење и готвење ги користиме секојдневно и со текот на времето се „трошат“. Сепак, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да им го продолжите рокот на траење.

Во продолжение дел од нив:

Сода бикарбона и оцет за загорени тави

Загорените тави и тенџериња можете да ги исчистите со мешавина од оцет и сода бикарбона.

Измешајте малку оцет и сода бикарбона. Треба да добиете смеса што наликува на паста.

Нанесете ја смесата на долниот дел од тавата или тенџерето и оставете да делува 15-тина минути.

Потоа истријте со сунѓер и исплакнете со вода.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-03.jpg

Немојте да користите жица за миење тави

Немојте да ги триете тавите и тенџерињата со жица за садови бидејќи сигурно ќе ги изгребете.

Подобро наполнете ја тавата со вода и средство за садови и оставете да отстои, па потоа исчистете ја со сунѓер.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-04.jpg

Како да ги наострите ножевите?

Ако немате алат за острење ножеви, можете да искористите предмети што веќе ги имате во домот.

На пример, можете да го наострите ножот со помош на друг нож. Исто така, можете да го наострите ножот со долниот дел од шолја за кафе.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-02.jpg

Како да ја исчистите даската за сечење?

На даските за сечење лесно се акумулираат секакви миризби, но лесно можете да се ослободите од нив.

Пресечете лимон на половина, ставете малку сол и истријте ја тавата со него. Оставете да отстои преку ноќ, па следното утро измијте ја како вообичаено.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-05.jpg

Внимателно мијте ги стаклените чаши

Избегнувајте да ги триете стаклените чаши со „погрубата“ страна на сунѓерите бидејќи со текот на времето можат да се појават гребаници.

Наместо тоа, секогаш мијте ги со помеката страна.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-06.jpg

Дезинфицирајте го сунѓерот за садови

Ако не се исуши добро, на сунѓерот брзо можат да се развијат секакви бактерии, па важно е да го дезинфицирате.

За ова, доволно е да го оставите 20-тина минути во сад со врела вода и оцет или средство за садови.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-07.jpg

Исчистете го приборот за јадење со мајонез

За најлесно да ги отстраните дамките од приборот за јадење, употребете мајонез.

Едноставно, нанесете малку мајонез на приборот, истријте го сунѓер или крпа, па измијте го како вообичаено со детергент и вода.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-08.jpg

Не ги оставајте валканите садови преку ноќ

Иако миењето садови не е најзабавната активност, потрудете се да не ги оставате садовите валкани подолго време.

Кога храната ќе се засуши на нив, ќе треба да ја истриете, а со тоа е поверојатно да ги изгребете садовите. Истовремено, поради остатоците храна, на нив можат да се развијат секакви бактерии и микроби.

ednostavni-trikovi-so-koi-kje-im-go-prodolzhite-zhivotot-na-kujnskite-sadovi-i-priborot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
Намирници од кујната кои ги чистат загорените тенџериња и тави подобро од сјајот за садови Доколку сте од оние луѓе на кои садовите за готвење честопати им загоруваат на д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg