Србинка сподели „јапонски“ трик за диплење на долната облека - да не зафаќа простор во фиоката

„Вака да му ја здиплам долната облека на маж ми нема да знае да ја отвори“ – стои во еден од коментарите на видеото во кое оваа Србинка покажува како во Јапонија се дипли долната облека за да не зафаќа премногу простор. Дали е ова практично или, пак, е губење време?

mazh-mi-nema-da-znae-kako-da-gi-otvori-komentari-za-srbinka-so-genijalen-trik-za-diplenje-dolna-obleka-01.jpg

Речиси сите имаме проблем со средување на фиоката за долна облека. Таман сте здиплиле сѐ и сте подредиле, ви се чини дека за неколку дена повторно некој успеал сè да ви растури и повторно не можете да најдете ништо.

Бранка Ристановиќ (38) е мајка на три деца, која со својот сопруг живее во Јапонија, а на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии и видеа од животот таму, како и интересни факти и занимливости за Јапонија.

Бранка и нејзиниот сопруг имаат три сина: Сергеј (6), Данило (4) и Лука (3). 

Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 40.000 следбеници, а преку фотографиите и видеата што ги објавува можеме да ѕирнеме како изгледа животот во Јапонија.

Таа сподели и интересно видео во кое покажува како Јапонците ја диплат долната облека за да не зафаќа премногу простор, а фиоката постојано да ви биде уредна.

„Како да ја здиплите долната облека, а да заштедите на простор за да можете лесно да ги ставите во фиока или во корпа“.

Нејзиното видео наиде на голем број позитивни коментари, но и на такви што велат дека немаат доволно време за да се занимаваат со диплење на долна облека, а една нејзина следбеничка на Инстаграм напиша:

„Јас вака да му ги здиплам гаќите на маж ми нема да знае како да ги отвори“.

Погледнете дел од фотографиите на Бранка во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат) Ролери од детството на кои има фали тркалце, расипани сијалички за елка, четири ...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...

Најчитани неделава