Облека со тантела, градници со корпа – Работи кои не треба да ги перете во машина

Облека со влакна од миленици

Влакната од облеката речиси сигурно ќе завршат во машината, па постои опасност да го затнат одводот.

Затоа, прво отстранете ги влакната, па потоа ставете ја облеката во машина.

obleka-so-tantela-gradnici-so-korpa-raboti-koi-ne-treba-da-gi-perete-vo-peralna-07.jpg

Перници од „мемори пена“

Материјалот од којшто се изработени овие перници може да се уништи од машинското перење.

Освен ако на инструкциите за перење не е наведено дека е безбедно да ја ставите перницата во машина, избегнувајте да го правите тоа.

Овие перници доволно е да ги перете еднаш-двапати годишно, така што ќе ги накиснете во вода со прашок и омекнувач. Потоа добро исплакнете ги и оставете ги да се исушат.

obleka-so-tantela-gradnici-so-korpa-raboti-koi-ne-treba-da-gi-perete-vo-peralna-08.jpg

Облека извалкана со запаливи материјали

Ако ви се истури бензин или каква било запалива материја на облеката, немојте да ја ставате во машина бидејќи постои ризик да направите пожар.

Најпрво ставете ја облеката на место со провев барем 24 часа. Оставете ја и подолго ако го чувствувате мирисот на бензин или течноста со којашто сте ја извалкале.

Потоа накиснете ја во жешка вода (највисоката температура што е безбедна за тоа парче облека), па добро истријте ја со прашок.

Немојте никако да ја сушите облеката во машина за сушење – во случај да не сте ја отстраниле целосно запаливата материја, можете да предизвикате пожар.

Ако по перењето на рака повеќе не го чувствувате мирисот на материјата, следното перење е безбедно да ја ставите облеката во машина.

obleka-so-tantela-gradnici-so-korpa-raboti-koi-ne-treba-da-gi-perete-vo-peralna-09.jpg

Килимчиња со гума

Ако килимчето има гума на долниот дел или по рабовите, немојте да го перете во машина бидејќи гумата може да се одлепи.

Ако на инструкциите за перење е наведено дека е безбедно да го перете килимчето во машина, тогаш е во ред, само исперете го на ниска температура.

Имајте на ум дека и овие килимчиња не треба да ги сушите во машина за сушење – високите температури можат да ја оштетат, па дури и да ја стопат гумата.

obleka-so-tantela-gradnici-so-korpa-raboti-koi-ne-treba-da-gi-perete-vo-peralna-0.jpg

Вратоврски

Бидејќи вратоврските обично се направени од материјал како свила или волна, перењето во машина може да ги смали или да им ја промени бојата.

Наједноставно е да ги однесете вратоврските на хемиско чистење.

obleka-so-tantela-gradnici-so-korpa-raboti-koi-ne-treba-da-gi-perete-vo-peralna-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава