5 едноставни техники за декорирање на велигденски јајца, кои се хит на Инстаграм (видео)

Сте помислиле ли некогаш да ги декорирате велигденските јајца со суви цветови, да нацртате мотиви со маркер или да ги обоите со помош на ориз и шлаг пена? Погледнете неколку идеи за декорирање јајца од инстаграмџиите.

3-ednostavni-tehniki-za-dekoriranje-na-veligdenski-jajca-shto-se-hit-na-instagram-video-01.jpg

Пред Велигден на социјалните мрежи може да се најдат повеќе идеи за декорации на велигденските јајца, а популарни се декорациите со природни материјали.

Иако традиционално велигденските јајца кај нас најчесто се бојат во црвена боја, на социјалните мрежи може да се најдат повеќе идеи за декорации на јајца со природни материјали и во минималистички стил.

Наместо вообичаените лепенки, една корисничка дава предлог да користите суви цветови, а други даваат идеи за декорации со прехранбена боја за колачи.

Погледнете неколку идеи за декорација на велигденски јајца:

Декорација со суви цветови

3-ednostavni-tehniki-za-dekoriranje-na-veligdenski-jajca-shto-se-hit-na-instagram-video-02.jpg

За оваа декорација ќе ви требаат бели сварени јајца, суви цветови, вода и четка за боење.

Свареното јајце се натопува со малку вода со четка, се става сувиот цвет и тој се притиска со четка и со вода.

Видео упатствo:

Минималистички јајца со цртеж со маркер

3-ednostavni-tehniki-za-dekoriranje-na-veligdenski-jajca-shto-se-hit-na-instagram-video-03.jpg

За оваа декорација ќе ви бидат потребни сварени бели јајца, сунѓер за боење, акрилни бои и маркер.

Со сунѓер се бои само една страна од јајцето со акрилна боја и се остава да се исуши. По ова со црн маркер се црта мотив на лист, цвет и сл.

Видео упатство:

Боење со ориз

За оваа постапка потребен ви е ориз, мала ќеса, бели јајца (сварени) и прехранбени бои.

Белите јајца потребно е да се сварат и да се избелат (доколку сте купиле жолти јајца).

Во една мала ќеса се ставаат 3-4 лажички ориз и прехранбени бои по ваш избор.

Јајцето се става во оризот и се валка во боите, па се остава да стои околу 15-тина минути во ќесата.

3-ednostavni-tehniki-za-dekoriranje-na-veligdenski-jajca-shto-se-hit-na-instagram-video-04.jpg

Боење со шлаг пена

За оваа постапка ќе ви биде потребна изматена шлаг пена, чинија и бели јајца.

Во чинија се става малку шлаг пена, се капнуваат неколку капки прехранбена боја и се мешаат со чепкалка за заби или со прст.

Јајцето се валка во оваа боја и се остава да стои 15 минути во шлаг пената.

3-ednostavni-tehniki-za-dekoriranje-na-veligdenski-jajca-koi-se-hit-na-instagram-video-05.jpg

Боење со салфетка - детално може да ја проследите на следниот линк.

3-ednostavni-tehniki-za-dekoriranje-na-veligdenski-jajca-koi-se-hit-na-instagram-video-06.jpg

Видео упатство за последните три постапки:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Велигденски трик: Како да ги избелите жолтите јајца при варењето, со само две состојки? (видео) За црвена боја потребни се жолти јајца, но ако ги бојадисувате во пастелни бои т...
Најлесната техника за боење на шарени велигденски јајца кои изгледаат уникатно (видео) Без да направите хаос во кујната и да ги извалкате рацете, многу лесно и брзо мо...
Трик за боење на велигденските јајца во црвено вино, со светкав ефект Сè што ќе ви треба за светкави велигденски јајца оваа година е неколку литри црв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg