9 работи во домот кои заборавате да ги исчистите, а оставаат лош впечаток
Масата, комодата, работната површина во кујна и подот не се единствените работи што треба да ги пребришете кога чистите.

Во домот има многу предмети кои во себе собираат прашина и бактерии, а ретко кој ги чисти редовно колку што е потребно.
Иако е полесно да ги игнорирате, сепак е подобро да си направите навика одвреме-навреме да им обрнете внимание, пред гостите да ви преречат.
Совети на кои работи да обрнете внимание кога чистите за да имате дом кој „свети“:
Делот под и зад фрижидерот – поместете го и ќе се изненадите од прашината

Сунѓерот за бањање – во него има многу бактерии и мртви клетки

Корпата во која ставате перена облека сама по себе не е чиста и има насобрано прав

Завесите од туш собираат влага и треба одвреме навреме да ги перете во машина или на рака

Четката за чистење тоалетна школка и садот во кој стои се полни со остатоци и бактерии

Ќе се изненадите колку нечистотии може да има под тепихот ако имате навика да го заобиколувате кога чистите

Лајсните помеѓу подот и ѕидот, како и ѕидните плочки се нешто што не треба да заборавате при чистење

Свеќите собираат многу прашина залепена на восокот

Четките за коса чистете ги со топла вода и сода освен што ќе ги отстраните влакната

М. М. | Црнобело / фото: pixabay.com / depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време
Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите
Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...