Грешки со кои ги уништувате електричните уреди (и го зголемувате ризикот од пожар)

Никако немојте да користите продолжен кабел за уреди кои трошат многу струја, како шпорет, фрижидер или греалка.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-01.jpg

Електричните инсталации во нашите домови се безбедни за употреба, но ова не значи дека не треба да обрнеме внимание на некои детали.

Ако не чистите одредени уреди или ако не внимавате колку уреди приклучувате на еден кабел или штекер, лесно можете да ги расипете, па дури и да предизвикате пожар.

Кои грешки треба да ги избегнувате?

Ставате премногу детергенти во машината за перење

Ако ставите повеќе прашок или омекнувач не значи дека вашата облека ќе биде почиста.

Наместо тоа, детергентите нема да се исплакнат добро, а и можно е да се наталожат во машината.

Најбезбедно е секогаш да ги следите инструкциите на амбалажата од прашокот и омекнувачот.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-02.jpg

Не ја чистите рерната

Веројатно не постои личност што ја чисти рерната секоја недела, но препорачливо е да ја чистите барем на секои 2-3 месеци.

Маснотиите и остатоците од храна што се таложат во рерната можат да бидат штетни – ако има многу, кога ќе ја вклучите рерната ќе почнат да испаруваат.

Покрај тоа, ако рерната не е исчистена многу долго време, остатоците во неа можат и да се запалат.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-03.jpg

Не ги чистите филтрите на аспираторот

Ако сакат аспираторот да работи како што треба, мора редовно да ги чистите филтрите. Кога, пак, на нив ќе почнат да се прават дамки кои не се отстрануваат, тогаш ќе треба и да ги замените со нови.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-04.jpg

Не го чистите тостерот за двопек

Ронките што остануваат во тостерот лесно можат да се запалат и да направат огромна штета.

А, дури и да не дојде до пожар, можат да предизвикаат прегревање на уредот, па тој побрзо да се расипе.

greshki-so-koi-gi-unishtuvate-elektrichnite-uredi-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-pozhar-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да се мотивирате почесто да го чистите домот? Ако имате многу простории за чистење, направете список на соби. Овој список може...
Не земајте риба со силен мирис и уште 8 совети како да изберете свежи намирници Како да изберете банани што немаат „брашнест“ вкус, да најдете лимони полни со с...
8 трикови со кои ќе си го олесните готвењето (и ќе заштедите пари) Ако ви останат многу свежи зачини што не можете да ги искористите пред да се рас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg