Едноставни трикови со кои чистењето на домот нема да ви биде најомразената обврска

Наместо да ги оставите сите обврски за викенд, распоредете ги низ целата недела – избришете прашина во понеделник, исчистете го подот во вторник, исчистете го тоалетот во среда…

ednostavni-trikovi-so-koi-chistenjeto-na-domot-nema-da-vi-bide-najomrazenata-obvrska-001.jpg

Веројатно не постои личност која ужива во чистењето на домот, но ова е неизбежна обврска.

За среќа, има начин да си го олесните чистењето на домот.

Неколку трикови и совети што ќе ви помогнат во тоа:

Не ги оставајте сите обврски за викендот

Ако чекате да дојде викенд за да го исчистите домот, тогаш целиот викенд ќе ви помине во чистење.

Пробајте да ги распоредите обврските и секој ден завршувајте по една-две, во зависност од слободното време.

На пример, во понеделник бришете прашина, во вторник исчистете го подот, во среда исчистете го тоалетот…

За викенд довршете ги обврските што не сте ги стигнале во текот на неделата.

ednostavni-trikovi-so-koi-chistenjeto-na-domot-nema-da-vi-bide-najomrazenata-obvrska-003.jpg

Чувајте шамивчиња за бришење на неколку места низ домот

Ако имате шамивчиња на бирото, во дневната, во кујната и слично, ќе ви биде многу полесно набрзина да ги исчистите површините.

ednostavni-trikovi-so-koi-chistenjeto-na-domot-nema-da-vi-bide-najomrazenata-obvrska-03.jpg

Користете стапчиња за ражничи или чепкалки за заби за тешко достапни места

Едноставно, ставете тоалетна хартија на стапчето или чепкалката за заби и многу лесно ќе ги исчистите тешко достапните места во домот.

ednostavni-trikovi-so-koi-chistenjeto-na-domot-nema-da-vi-bide-najomrazenata-obvrska-04.jpg

Купете крпи во различни бои за различни намени

Наместо да се мислите која крпа сте ја искористиле за кујнската маса, а која за огледалото во тоалетот, купете крпи со различни бои - секоја боја нека биде различна намена.

ednostavni-trikovi-so-koi-chistenjeto-na-domot-nema-da-vi-bide-najomrazenata-obvrska-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава