Сон за љубителите на минимализмот (фото)

Сместен во Далкит, Австралија овој дом е дело на архитектонското студио Hillam Architects и се протега на површина од 1.500 метри квадратни.

son-za-ljubitelite-na-minimalizmot-01.jpg

Проектот претставува преработка на веќе изградена куќа од тули од 1980-тите години, искористувајќи го потенцијалот на старата градба и надополнувајќи го со серија драматични промени и дополнувања.

Целокупниот простор доживува една целосна трансформација која овозможува изработка на елементи како пристапна патека, порта и гостински дел кој е на некој начин одвоен од делот за домаќините, додека големата градина во задниот дел е искористена за поставување на базен со покриен дел кој би можел да се користи како место за освежување со пијалак или забава покрај базенот.

Кујната и дневниот престој се поврзани и отворени кон базенот што дава чувство на пространост и отвореност.

Спалните соби се сместени на вториот кат, каде доминира главната спална соба со голем балкон и поглед кон базенот со што се доловува чувство на смиреност.

Низ целата куќа доминираат белата и сивата боја, а како нивни контраст искористен е природен материјали односно дрво.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
На гости кај Тијана: Совршено уреден стан од 76m2 во скопската населба Илинден, со детска лизгалка (... „Започнавме од нула и сега сме пресреќни. Не е можеби нешто големо, но за нас е,...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
14 луѓе со талент и визија - ги претворија обичните тераси во волшебно катче во домот (фото) „Инспирација за терасата ми е ‘Алиса во земјата на чудата’ и нејзината чајанка“ ...
На гости кај Жиле и Рос: Винтиџ стан во Скопје со грамофон, флипер, детали од бувљак и уметнички дел... „Нашиот дом е мешавина од неколку стилови, винтиџ, бохо и индустриски ...

Најчитани неделава