Колоритен дом кој го спојува традиционалното и модерното (фото)

За сите љубители на колоритните средини - еве еден прекрасно уреден дом каде главната идеја е функционален дом кој ќе изобилува со колоритни детали кои ќе дадат силен личен печат на просторот и начинот на живеење на неговите сопственици.

koloriten-dom-koj-go-spojuva-tradicionalnoto-i-modernoto-01.jpg

Она што на прв поглед се забележува е огромната дневна соба каде е препознатлив грчкиот стил на градба. Дизајнерите вклопиле голем број елементи со цел постигнување на оригинален печат.

„Тоа вклучува цемент за подигнување заоблена основа за креветот, отпадна иверица за обложување на дел од таванот во дневната соба, уникатна маса изработена од стебло на дрво и стари водоводни цевки за полици за книги“ – објаснува архитектот.

Контрастот во дневната соба е постигнат преку играта со бели и сини ѕидови, а секоја од трите спални соби раскажува посебна приказна. Силниот личен печат е постигнат со живите бои и посебниот декор кој се истакнува од сè она што претходно сте виделе.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Локал во зеленило во село Брусник е совршено викенд бегство - рај за вљубениците во природа (фото) Aко сте од оние луѓе кои знаат да уживаат во песната на птиците, во пејзаж со не...
На гости кај новинарката Офелија Димковска: Уметнички дом со силни бои, впечатливи детали и многу цв... Грамофонски плочи, секогаш свежо цвеќе, особено лалиња, декорации пред празницит...
Ресторан во близина на Крива Паланка, со езерце на 1km од него, е совршен за викенд бегство (фото)  Од вкусни пити до скара, таму ќе уживате во наши традиционални рецепти, ср...
Најубавите есенско украсени локали низ Македонија за 2025 - како од бајка Цвеќиња и дрвја со лисја во жолти и портокалови нијанси, украси со тикви, пампас...
Локал покрај карпа на Тасос е совршен за гледање зајдисонце - има и ноќни журки со диџеи (фото) Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера,...

Најчитани неделава