Предлог идеја: Мал удобен стан за семејство со едно дете (фото)

Комфорот кој овој стан го нуди е ставен во преден план во поглед на организацијата на целокупниот простор со кој тој располага.

Komforen-stan-za-semejstvo-so-dete-01

Дневниот престој и трпезаријата се сместени во една просторија со тоа што самата поставеност на трпезариската маса до големиот прозорец овозможува значително навлегување на светлина, a собата дополнително визуелно се зголемува.

Кујната е одделена од дневниот простор со помош на лизгачка стаклена врата со што се овозможува физичка раздвоеност, но сепак стаклото на вратата на некој начин ја анулира таквата одвоеност. Покрај стандардните елементи таа вклучува и мала шанк масичка каде може да се појадува без да се прави неред во дневната соба.

Спалната е голема и функционална, со помошна тераса и вграден гардеробер. Одбрани се неутрални тонови кои нудат чувство на релаксација кое е толку потребно после напорен работен ден.

Посебен акцент е ставен врз собата на најмладиот член на семејството, која претставува вистинско детско царство во кое би сакало да престојува секое дете.

Со заградувањето на терасата добиени се два физички поврзани дела од кој првиот е посветен на времето за игра, а вториот на времето за учење.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Никола од Скопје ја накити елката во ноември: „Верувам дека тие што порано внесуваат празнична атмос... „Елката ја чувам накитена до крајот на јануари. Некои велат дека е долго, но јас...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Руфтоп бар во Охрид со спектакуларен поглед e инстаграмџиски рај (фото) Храната и пијалаците со ваков поглед, веднаш стануваат повкусни, плус има соврше...

Најчитани неделава