Mикс од тиркизни и пудрести нијанси: Женствен стан по вкус на тренди дама (фото)

Ентериерот претставува суптилна комбинација на нежни пастелни бои и елементи од светло дрво, а зачинета е со меки ткаенини, мноштво цветни мотиви и фини украси. 

miks-od-tirkizni-i-pudresti-nijansi-zhenstven-stan-po-vkus-na-trendi-dama-foto-1.png

Постојат женствени простори на кои е тешко да им одолеете. Еден таков е и домот што може да го погледнете на фотографиите во продолжение.

Станува збор за стан што е уреден е согласно желбите и потребите на тренди дама која живее сама.

miks-od-tirkizni-i-pudresti-nijansi-zhenstven-stan-po-vkus-na-trendi-dama-foto-2.jpg

Поточно, за фенси жена со чувство за естетика, која покрај комфор и функционалност, посакува и катче што стилски ќе ја отсликува нејзината индивидуалност и начин на живот.

Во конкретниот пример, светлиот мебел и елегантниот дизајн создаваат впечаток дека просторот е многу поголем одошто навистина е.

miks-od-tirkizni-i-pudresti-nijansi-zhenstven-stan-po-vkus-na-trendi-dama-foto-3.jpg

Отворениот распоред на дневната соба и кујната, со трпезарија помеѓу нив, пак, овозможува и повеќе од доволно место за пријатен престој на станарката.

Наместо големи плакари, складишта се добиени со воведувањето на комоди, без задушување на амбиентот со прегломазни елементи.

miks-od-tirkizni-i-pudresti-nijansi-zhenstven-stan-po-vkus-na-trendi-dama-foto-4.jpg

Па, целиот амбиент изледа мошне чисто, компактно и хармонично.

Наспроти белата и беж тоновите, направен е суптилен микс од тиркизна, ментол и пудресто розова боја, а дополнителна динамика внесуваат впечатливите тапети со флорален дезен, како и златните акценти.

miks-od-tirkizni-i-pudresti-nijansi-zhenstven-stan-po-vkus-na-trendi-dama-foto-5.jpg

А, што и како е скоцкано внатре, ѕирнете во галеријата со фотки. Од клупа покрај прозорецот па до мини канцеларија во ходникот, станот навистина крие изобилство од убави идеи:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Училиште во скопски Карпош има кул уредено дворче – заедно прават украси од стари предмети, уживаат ... „Eдна огромна внатрешна дворна површина, некогашна руинирана фонтана без никаква...
Никола од Скопје ја накити елката во ноември: „Верувам дека тие што порано внесуваат празнична атмос... „Елката ја чувам накитена до крајот на јануари. Некои велат дека е долго, но јас...
На гости кај Македонци во Виена: Детската соба на Тифани (3) има гардеробер со 30 пара чевли и е под... „На само 5 месеци Тифани имаше околу 30 пара чевлички. Организацијата ми е многу...

Најчитани неделава