Луксузни бункери: Како се подготвуваат милијардерите за апокалипсата?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Луксузни бункери: Како се подготвуваат милијардерите за апокалипсата?

Кога ќе слушнете за бункер, најверојатно си замислувате бетонска соба исполнета со конзервирана храна. Заканата за судниот ден можеби е исто реална како и во минатото, но денешните бункери изгледаат многу поразлично.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-01.jpg

Многу компании ширум светот забележале зголемена побарувачка за структури што можат да ве заштитат од секаква катастрофа, но кои се исполнети со луксуз.

Барања за бункери

Голем дел од светската елита, а според изворите, и Бил Гејтс, дизајнираат тајни засолништа за семејствата. Истовремено, тие сакаат овие засолништа да нудат искуство што е можно послично со реалниот свет.

За оваа потребна најчесто се користат напуштени воени бункери за кои денес би биле потребни милиони долари да се изградат.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-11.jpg

Овие градби се дизајнирани за да издржат нуклеарен напад, а се опремени со системи за енергија, прочистување на вода и филтрирање на воздухот. Повеќето имаат залиха на храна за една година или подолго, а некои од нив имаат и свои градини.

Дизајнерите се обидуваат да создадат и заедници со разни вештини, како лекари и наставници, кои се неопходни за преживување на подолг период.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-12.jpg

Дизајнерска арка

Едно вакво засолниште е Vivos xPoint, а се наоѓа во Јужна Дакота. Засолништето има 575 воени бункери кои сега се претворени во установа што може да смести 5.000 луѓе.

Ентериерот на секој од бункерите е среден според желбите на сопственикот, а за ова одвоиле сума од 25.0000 до 200.000 долари. Разликата во цената зависи од тоа дали сопствениците сакаат минималистички простор или луксузен изглед.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-02.jpg

Целото засолниште може да биде опремено со сите удобности што ги нуди еден мал град, вклучувајќи и театар, училници, клиника, па дури и спа-центар и теретана.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-04.jpg

За оние кои сакаат нешто уште полуксузно, постои и бункерот Vivos Europa One кој е наречен модерна Ноева арка. Оваа градба нуди 34 приватни станови. Секој може да го дизајнира неговиот стан како што сака.

Големиот комплекс има и систем за транспорт што ќе ги разнесува „жителите“ низ засолништето.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-03.jpg

Засилени домови

Во Канзас има два напуштени склада во кои се чувале боеви глави на почетокот од 1960-тите. Сега тие се претворени во домови кои можат да издржат нуклеарен напад и кои чинат над 4,5 милиони долари.

Постојат и неколку градежни компании кои градат вакви куќи што можат да се користат како засолништа.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-05.jpg

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-06.jpg

Сопствениците имаат пристап до овие домови во секој момент, без разлика дали се случила катастрофа или само сакаат да избегаат од секојдневниот живот.

Според правилата на заедницата, во случај на несреќа, сосопствениците ќе треба да работат 4 часа на ден.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-07.jpg

Долготраен луксуз

Доколку сакате да го дочекате судниот ден сами, или само со неколку членови од семејството и неколку пријатели, тогаш можете да го купите The Oppidum, најголемиот милијардерски бункер во светот којшто се наоѓа во Чешка.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-08.jpg

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-09.jpg

Оваа тајна установа била градена цели 10 години, почнувајќи во 1984-та. Бункерот има куќа над земјата и подземен дел, а крајниот резултат ќе зависи од желбите на сопственикот.

Иако многумина сметаат дека луксузните додатоци во овие градби се непотребни, дизајнерите тврдат дека се критични за преживување.

Бидејќи се наменети за престој подолг од една година, дизајнерите сметаат дека бункерите би требало да бидат и удобни.

luksuzni-bunkeri-kako-se-podgotvuvaat-milijarderite-za-apokalipsata-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лео и приватно живее како Волкот од Волстрит: Во неговата вила на Малибу (фото) Леонардо ди Каприо се збогува со вилата на Малибу со поглед на плажа, но затоа ќ...
Љубовното гнездо на Кајли Џенер и Тревис Скот: Што сѐ има во домот на новопечената милијардерка? (фо... Славниот пар се поднови со раскошен имот во Беверли Хилс, не штедејќи пари за лу...
Најпосакуваниот дом во Британија има приватна кино сала, голф терен и куглана (фото) Во близина на Лондон постои замок кој е идеално место за сите оние кои сакаат гр...

Најчитани неделава