Црно-бела хармонија: Стилски уредениот стан на Цики од Скопје (фото)

Во црно-бело уредениот стан на Цики секој детаљ е внимателно одбран, терасата ѝ е мини рај, а точките вечна опсесија.

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-01.jpg

Христина или меѓу пријателите позната како Цики од Скопје, има 31 година, по професија e менаџер на човечки ресурси, а пасија ѝ се ентериери и сѐ поврзано со уредување на домот.

На својот Инстаграм профил таа постојано објавува фотки од својот стилскии уреден дом.

За уредувањето на нејзиниот дом таа за CRNOBELO.com открива:

„Од рушење ѕидови до ситни мали шолји и детали закачени, потпрени, наместени разместени, љубовта за внатрешен дизајн е веројатно вродена, ама ми ја разбуди една драга личност, кај која работев еден период во нејзиното студио за ентериери.

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-08.jpg

Од Лара научив многу за боите, материјалите за сè што може, а што не може да се меша, како да изгледа убаво едно до друго, за симетријата на деталите… Во тој период го средувавме и нашиот дом, па некако работите, односно коцките се поклопија.

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-06.jpg

Многу сакам црно-бела комбинација, па така и дома сѐ ни е е во таа комбинација или нијанси.

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-12.jpg

Некој ќе рече нема утка со овие бои, ама ако немаш осет и тоа како можеш да утнеш. Точките ми се една гооолема љубов, многу ги сакам и така точкасто размислувам.

Ги носам на мене, ги имам низ дома, го облекувам синот Јан во точки, кога можам му наметнувам и на Влатко (сопругот) и тој да ги носи. 

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-14.jpg

Овој период од годината уживам во терасата, а инаку во домот секако омилена ми е кујната. 

Со каква љубов ја правевме, со колку енергија и замислување и премислување како и секој детаљ и ситница дома и во тој момент мислев дека посовршен ентериер не постои, од нашиот, а сега би сменила милион нешта.

Но, и менувам секој ден, секоја недела го докупувам последниот украс за дома (е уште ова и нема веќе) и така до наредно нешто... Иако домот ми е јинг јанг, црно и бело во главата и емоциите ми е експлозија од бои.“

Фотки од домот на Цики:

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-03.jpg

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-10.jpg

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-21.jpg

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-20.jpg

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-18.jpg

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-17.jpg

vo-crno-beliot-stilski-dom-na-ciki-od-skopje-foto-16.jpg

Уште фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Моника: Стан во Капиштец со дневна соба со винтиџ парчиња и уникатни детали (фото) „Јас не го преферирам модерното во уредувањето на домот, не сум модерна девојка,...
Во домот на Ивана од Белград: Светол стан во кој владее хармонија (фото) Доколку сакате светли бои, овој стан ќе ви го освои срцето за миг. Деталите ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg