На гости кај Менче Русеска: Дом во Скопје уреден со модерен скандинавски шмек и многу љубов (фото)

„Основните тонови кои ги употребив се белата и сивата, а на нив ги надоврзував дрвените детали. Тиркизната боја ја вметнав за разигрување на просторот“, вели Менче за уредувањето на својот дом.

na-gosti-kaj-menche-ruseska-dom-vo-skopje-ureden-so-moderen-skandinavski-shmek-i-mnogu-ljubov-foto-01.jpg

Менче Русеска има 30 години и е дипломиран правник. Таа дел од слободното време го исполнува со изнаоѓање и реализирање идеи за уредување на својот дом.

За уредувањето на својот дом Менче за CRNOBELO.com открива:

„Љубовта кон убаво уредените ентериери и екстериери од секогаш ме привлекувале и исполнувале. Со отпочнувањето на брачниот живот во нов дом започнува и новото поглавје со уредување на катчиња низ кои се проткаени нашите лични печати и спомени.

na-gosti-kaj-menche-ruseska-dom-vo-skopje-ureden-so-moderen-skandinavski-shmek-i-mnogu-ljubov-foto-06.jpg

Кога започнав со уредувањето, ги разгледував модерните индустриски и скандинавски стилови, инспирирајќи се од Pinterest и Instagram профили посветени на уредување на домашниот простор.

Модерниот скандинавски стил е оној кој ме освои и за кој се одлучив, бидејќи преку него се истакнуваат смиреноста, топлината и практичноста.

na-gosti-kaj-menche-ruseska-dom-vo-skopje-ureden-so-moderen-skandinavski-shmek-i-mnogu-ljubov-foto-11.jpg

Основните тонови кои ги употребив се белата и сивата, а на нив ги надоврзував дрвените детали. Тиркизната боја ја вметнав за разигрување на просторот и вметнување живост, а тие се забележливи низ завесите, теписите, перниците...

na-gosti-kaj-menche-ruseska-dom-vo-skopje-ureden-so-moderen-skandinavski-shmek-i-mnogu-ljubov-foto-12.jpg

На овој начин, во иднина преку нивна замена со некоја друга боја, ќе се добие целосно нов идентитет на дневниот престој.

na-gosti-kaj-menche-ruseska-dom-vo-skopje-ureden-so-moderen-skandinavski-shmek-i-mnogu-ljubov-foto-13.jpg

Она што го научив низ овој процес е дека деталите и декорациите го даваат шармот, а со многу мали измени и преместувања се добиваат одлични промени. Сакам да ги менувам и разигрувам, а не ретко во секој шопинг да ја искористам можноста да докупам нови ситници, кои знаат да ми го направат денот.

na-gosti-kaj-menche-ruseska-dom-vo-skopje-ureden-so-moderen-skandinavski-shmek-i-mnogu-ljubov-foto-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg