Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На гости кај Александра од Скопје: Современ стан со софистицирани детали (фото)

Овој скопски стан е уреден во современ стил, а главен фокус му е островот во кујната и огромните прозорци кои го прават светол и привлечен.

na-gosti-kaj-aleksandra-od-skopje-sovremen-stan-so-sofisticirani-detali-foto-01.jpg

Александра Бабамова, има 31 година, а по професија е специјалист за социјални медиуми. Живее во одлично уреден стан во Центар, а омилена просторија за престој ѝ е дневната соба.

Проговоривме со неа околу инспирацијата за уредувањето:

„Омиленото катче во домот ми се дневната и кујната, затоа и при реновирање се одлучивме да го срушиме ѕидот што ги дели и да добиеме една поголема заедничка просторија во која сите омилени работи ми се на куп.

na-gosti-kaj-aleksandra-od-skopje-sovremen-stan-so-sofisticirani-detali-foto-04.jpg

Идејата ја добив по бескрајното скролање на Pinterest кадешто спојував елементи од скандинавскиот стил на уредување и оној од Њујорк за на крај да добијам идеја што точно сакам.

na-gosti-kaj-aleksandra-od-skopje-sovremen-stan-so-sofisticirani-detali-foto-08.jpeg

Омилениот детаљ (иако можеби и најголемиот детаљ во домот) ми е кујнскиот остров кој преку ден го користиме за припрема за готвење, а навечер за чаша вино и муабет.

na-gosti-kaj-aleksandra-od-skopje-sovremen-stan-so-sofisticirani-detali-foto-09.jpeg

Островот им е омилен и на моите три мачки, мислам дека и повеќе од јасно се гледа на една од фотките.

na-gosti-kaj-aleksandra-od-skopje-sovremen-stan-so-sofisticirani-detali-foto-05.jpeg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

На гости кај Никица и Дамјан: Стан на Македонци во Хановер во кој сопствениците сè направиле сами (ф... „Освен за ламинатот, немавме ниеден мајстор и сè направивме сами. Искрено, беше ...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Вера: Стан од 100m2 во центарот на Скопје, со мебел од резбано дрво (фото) „Дневната соба е омиленото место на целото семејство. Главниот фокус е кожeната ...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото) „Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни ...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg