На гости кај Анета Атанасова: Стан во Кавадарци уреден со многу љубов (фото)


На гости кај Анета Атанасова: Стан во Кавадарци уреден со многу љубов (фото)

Највпечатлив детаљ во дневната соба на Анета е темниот ѕид, а нејзино омилено парче мебел е жолтата фотелја.

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-01.jpg

Анета Атанасова е 30-годишен дипломиран економист, сопруга и мајка, која живее со своето семејство во стан од 85 квадратни метри во Кавадарци.

Таа вели дека ужива во уредувањето на станот и дека смелите детали му даваат уникатен печат на просторот.

Проговоривме со неа за уредувањето на нејзиниот стан:

„Она што треба најмногу да сакате од својот дом е тоа со кого го делите. Позитивната енергија што зрачи  во домот го прави уште поубав од тоа што е.

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-02.jpg

Отсекогаш сум сакала уредно скоцкани домови полни со детали одбрани со љубов и внимание. 

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-09.jpg

Се разбира, домот ве отсликува вас и вашиот карактер, она што го сакате, омилените бои и стилови и затоа најдобро е да го уредите онака како што вас ќе ве прави опуштени и комфорни во него.

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-06.jpg

Највпечатлив во нашата  дневна соба е темниот ѕид кој всушност беше идеја на дечките кои го изработуваа целиот мебел во станот, за кој јас искрено најпрво бев скептик и мислев дека ќе ја затвори таа страна од станот.

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-08.jpg

Сепак, подоцна се воспостави дека совршено се вклопи во амбиентот и дава посебен шмек на просторот. 

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-07.jpg

Уште една впечатлива работа е жолтата фотелја која беше меѓу првите парчиња мебел за кои бев сигурна дека сакам да ги имам дома. Дава убав контраст со ѕидот, а и со црно-белиот тепих на кој долго пред да го средуваме нашиот стан му имав фрлено око гледајќи го по фотографии на Инстаграм и Пинтерест.

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-04.jpg

Не смеам да ја изоставам кујната, која е во скандинавски стил и е дел од домот каде што минувам доста време. Ја обожавам баш затоа што е многу светла и широка.

na-gosti-kaj-aneta-atanasova-stan-vo-kavadarci-ureden-so-mnogu-ljubov-foto-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Даниела во Германија: Одлично уредена занимална за нејзините 3 дечиња (фото) „Во занималната кај нас преовладува едно шаренило од бои, слободата во играта и ...
Живот со стил во една соба? Можно е! Ви претставуваме како изгледа домот на една млада дама, кој и покрај скромната к...
На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg