Во домот на Анџела Џепароска: Современ стан во Скопје со детали од мермер и доминација на зелената боја (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во домот на Анџела Џепароска: Современ стан во Скопје со детали од мермер и доминација на зелената боја (фото)

„Станот изобилува со топли бои, современ дизајн, природни материјали, мермер, гранит, дрво. Зелената боја преовладува во бањата, но се појавува и на ѕидовите во другите соби.  Ја избравме токму таа боја бидејќи смирува и опушта“, вели 29-годишната Анџела.

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-01.jpg

Анџела Џепароска (29) работи како менаџер за јавни набавки и маркетинг, а со својот сопруг и синчето живее во стан во центарот на Скопје, во близина на Собранието.

Станот од 70 метри квадратни е одлично уреден и секое парче мебел и секој детаљ се избрани внимателно.

За уредувањето на нејзиниот дом таа за CRNOBELO открива:

„Јас и мојот сопруг сакаме убаво уредени простори направени со многу љубов. 

Овој стан не е прв стан кој сме го уредувале, но секој пат уредувањето на нов дом ни причинува огромно задоволство. 

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-02.jpg

Мојот сопруг е архитект кој има свое архитектонско биро и има многу искуство во уредувањето, па затоа имам целосна доверба во неговиот избор. Крупните работи како избор на материјали, техники на ѕид, под и слично ги оставив во негови раце.

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-08.jpg

Но, потоа изборот на додатоци како перничиња, ќебиња, цвеќиња, вазни , слики остана на мене. 

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-14.jpg

Домот сметаме дека треба да нѐ претставува нас. Идеи црпиме и од нашите патувања, а често знаеме донесеме по некое уникатно парче за дома од некоја далечна дестинација. 

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-11.jpg

Станот изобилува со топли бои, современ дизајн, природни материјали, мермер, гранит, дрво. 

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-05.jpg

Зелената боја преовладува во бањата, но се појавува и на ѕидовите во другите соби.  Ја избравме токму таа боја бидејќи смирува и опушта. 

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-13.jpg

Многу ни беше важен и изборот на светла. Сакавме да бидат уникатни и модерни. 

Детската соба  на Матео која ми е и најомилен дел од станот беше моја замисла. Во собата преовладуваат зелените и бели тонови. А ѕидовите се украсени со штосни детски слики. 

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-07.jpg

vo-domot-na-andjela-djeparoska-sovremen-stan-vo-skopje-so-detali-od-mermer-i-dominacija-na-zelenata-boja-foto-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Ангела Бебекоска: Стан во Тафталиџе обоен во сиво, сино и жолто (фото) Ангела Бебекоска (24) која од Вевчани се преселила во Скопје вели дека...
Во домот на Ивана: Стилски дом на Македонка во Германија обоен во розово (фото) Во нејзиниот стан доминираат розовата, белата и сивата боја и има впечатливи дет...
Црно-бела хармонија: Стилски уредениот стан на Цики од Скопје (фото) Во црно-бело уредениот стан на Цики секој детаљ е внимателно одбран, терасата ѝ ...

Најчитани неделава