На гости кај Дарко Петковски: Уникатен стан во Скопје со урбана нота и темни тонови (фото)

„Љубител сум на минимализмот, темните бои и тонови, индустрискиот стил и урбаниот модернизам, и сите овие стилови и правци успешно ги вклопив при уредувањето“, вели Дарко Петковски за својот дом.

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-01.jpg

Дарко Петковски, фризер, минималист, љубител на едноставноста, спонтаноста, геометријата, темните бои и тонови, перфекционист и креативец живее во стан во Скопје, во чие уредување вели дека се пресликани сите карактеристики на неговата личност.

Уреден модернистички, со урбана нота и доминација на црната боја, станот на Дарко навистина е нешто поинакво.

За уредувањето на неговиот дом тој открива за CRNOBELO.com:

„Ова е првиот стан во кој живеам сам, така што максимално се вложив како би го направил совршено место за релаксирање, со оглед на фактот што сум во дефицит со слободно време, сакав домот да ми овозможи чувство на безгрижност и тотално уживање.

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-03.jpg

Иако се во прашање 56 метри квадратни, предизвикот како да се распореди сè и притоа да е функционално и естетски одржливо беше голем.

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-07.jpg

Меѓутоа од самиот почеток на целиот процес имав конкретна и јасна визија за тоа што сакам: отворен простор, светлина, акцент на детали, екстремна едноставност комбинирана со функционалност, чисти линии, едноставни структури.

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-09.jpg

Љубител сум на минимализмот, темните бои и тонови, индустрискиот стил и урбаниот модернизам, и сите овие стилови и правци успешно ги вклопив при уредувањето.

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-06.jpg

Омилен дел ми е дневната соба, каде минувам и најголем дел од времето кога сум дома, а сметам дека токму дневната е просторот каде најдобро се искажува стилот.

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-10.jpg

na-gosti-kaj-darko-petkovski-unikaten-stan-vo-skopje-so-urbana-nota-i-temni-tonovi-foto-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Рената: Дом со милјеа, класичен мебел, мирис на минатото и прекрасен поглед кон Водно (... „Омилена работа во мојот дом ми е мирисот на кафето направено во мока за домашно...
Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот... „Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Јасмина и Дејан: Стан од 70m2 во Скопје со темни тонови и совршен поглед (фото) „Пред 5 години кога го уредувавме празниот стан, се водевме по водечките трендов...
На гости кај Елена: Раскошен дуплекс од 130m2 во Тетово со темни тонови и луксузни детали (фото) „Во станот преовладуваат темните тонови со акцент на сребрената боја, која асоци...
Во домот на семејството Јовановски: Стан од 70m2 во центарот на Битола со земјени тонови и златни де... „Во нашиот ентериер внесовме земјени тонови како песок боја, нијанси на крем, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg