Предлози за украсување со кои ќе внесете празнична магија во бањата (фото)

На бањата можете да ѝ дадете новогодишен дух така што ќе ставите крпи во црвено-бела боја или, пак, чергички со новогодишен дезен. Неколку идеи што ќе ве инспирираат.

01.jpg

При новогодишното украсување на домот, оваа година не заборавајте ја и бањата. Не ви е потребно многу време и труд за да го разубавите малиот простор, а новогодишните декорации, свеќите или сијаличките може да ви дадат многу попријатна атмосфера во овој дел од домот и да ви пружат комплетно празнично задоволство.

За поубав амбиент, добро е да започнете со декорирање со свежо зеленило. Ставете неколку свежи гранки во вазна или бидете креативни, па исплетете самите венец од свежи гранки. Ќе добиете празнична, чиста и модерна атмосфера.

Исто така, на бањата можете да ѝ дадете новогодишен дух така што ќе ставите крпи во црвено-бела боја или, пак, чергички со новогодишен дезен.

2_copy.jpg

Уште една идеја која нема да ве чини многу е да ставите ирвас или шишарки кои самите ќе ги обоите во златна боја. Размислете за додавање и дрвена вазна која ќе ви даде дополнителна топлина.

Празнична атмосфера може да добиете и така што ќе ставите неколку мирисливи свеќи на полиците во вашата бања, а добар избор би биле свеќите со мирис на бор или цимет.

1_copy.jpg

Најлесен начин да ја подготвите бањата за празниците е едноставно да закачите завеса за туширање со новогодишна тема. Зимска или празнична завеса целосно ќе ви го трансформира просторот, без да го наруши вашиот буџет.

Ако сте решени да го разубавите празнично овој простор и сте во потрага по повеќе идеи, погледнете неколку фотки за инспирација:

М. Ѓ. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет грешки во реновирањето на бањата за кои луѓето најчесто жалат Ја отстранувате кадата иако имате доволно простор за неа и „штедите“ на шкафчиња...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава