6 работи во станот во Скопје за кои се каам за изборот откако родив дете

Грешка бр. 1 при изборот на стан - до влезот се стига по скали, а нема пристапна рампа за количка. Работи на кои не размислував при изборот на стан, а сега со бебе, по малку ми пречат во секојдневното функционирање. 

6-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete-01.jpg

За станот во Скопје имавме неколку ситни замерки при изборот, но генерално бевме задоволни од она што го добивме, но и од изборот за уредувањето што го направивме.

Иако уште тогаш имав на ум некои работи земајќи предвид што е попаметно за кога еден ден ќе имаме дете, сепак неискуството си го прави своето.

Па, откако добивме дете, како што поминува времето, така излегува по некоја нова маана, како од самиот стан и зграда, така и од уредувањето.

Секако, не е ништо трагично и за повеќето работи има решение, но доколку сте во процес на бирање или уредување стан, а планирате да го ширите семејството, имајте ги предвид некои од овие работи при изборот.

Работи во станот и зградата каде што живеам, кои не се „бебе-френдли“:

До влезот се стига по скали, но нема пристапна рампа за количка, па морам да ја расклопувам секојпат кога сум сама

10-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete-02.jpg

Нема пристап до гаражата од влезот, па мора да се „товариме“ со сите реквизити пред зграда

10-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete--.jpgфото: depositphotos.com

Од влезната врата струи ладен воздух кон станот низ клучалката и кај подот, па не е секогаш пријатно детето да биде на земја

10-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete-03.jpg

Лифтот е мал и едвај ја собира количката во дијагонала, па ако имам и ќеси и торби, невозможно е да собере сè одеднаш (за среќа, барем ја собира количката)

10-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete-04_copy.jpg

Во кујната има само два штекера, па по цел ден менуваме кабли од сите можни уреди - стерилизатор, блендер, електрично ѓезве, кафемат и слично

10-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete-05.jpg

Бонус - грешка во уредување: Во дневната имаме тешки гранитни маси со метални, остри ногарки, па мора да ги обмотаме цели со гума и да внимаваме да не се превртат со некоја бебе-акробација

10-raboti-vo-stanot-vo-skopje-za-koi-se-kaam-za-izborot-otkako-rodiv-dete-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
10 работи кои ги имате во кујната, а не одговараат на стилски и удобен дом Намирници складирани во ќеси и видливи кутии, детергенти за садови во оригинални...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...

Најчитани неделава