Како да го трансформирате малиот ходник во пролетна оаза?

Свежо цвеќе и детали во весели бои – не ви требаат многу труд и пари за да го трансформирате ходникот во удобно катче.

kako-da-go-transformirate-maliot-hodnik-vo-proletna-oaza-01.jpg

Пролетта е период кога многумина сакаат да направат некаква промена во домот.

Оваа промена не мора да значи реновирање, туку менување некои ситници кои ќе му дадат нова, пролетна свежина на просторот.

Во овие мали промени, дел од домот кој е доста често запоставуван е ходникот. Но, ходникот е првото нешто што го гледате кога си доаѓате дома, па важно е да биде пријатен.

А, дури и ако имате минијатурен ходник, можете да го претворите во пролетна оаза.

Неколку совети што ќе ви се најдат:

Елементи во боја

Ако реновирате, тогаш заменете ги монотоните шкафчиња со модели со поживи бои.

Ако, пак, сакате да направите сосема мала промена, можно е да ставите и само еден детаљ во пожива нијанса, како столче или полица за чевли.

А, можете да ја промените и бојата на влезната врата.

kako-da-go-transformirate-maliot-hodnik-vo-proletna-oaza-02.jpg

Украси на ѕидот

Доколку варосувате, тогаш во ходникот употребете некоја посвежа боја која асоцира на пролет, како зелена.

Истовремено, можете да ги украсите ѕидовите и со уметнички дела кои му даваат посебна свежина на просторот.

kako-da-go-transformirate-maliot-hodnik-vo-proletna-oaza-03.jpg

Свежо цвеќе

Зарем има нешто што повеќе асоцира на пролет од свежото цвеќе?

Купете вазна со убав дезен и во неа ставете букет свежо цвеќе.

Можете да го дополните просторот и со растенија во саксии.

kako-da-go-transformirate-maliot-hodnik-vo-proletna-oaza-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава