Предлог летна декорација - Украсете го домот со сончогледи (фото)

Без разлика на сезоната, сончогледите се секогаш добра идеја за да внесете свежина во домот.

predlog-dekoracii-za-prolet-i-leto-ukrasete-go-domot-so-sonchogledi-foto-01.jpg

Знаевте ли дека има грчки мит за настанокот на сончогледот?

Имено, една нимфа била вљубена во богот на сонцето, Аполон, па секој ден го следела неговото движење на небото - од исток кон запад.

И, со текот на времето се претворила во сончоглед и продолжила да го следи движењето Аполон.

Доколку сакате позитивна енергија во домот, дефинитивно ви се потребни детали со овој цвет.

Без разлика дали сте се одлучиле за само еден цвет или неколку, сончогледите ќе го подобрат секој простор со својот изглед.

Доколку се решите за букет од ова волшебно цвеќе, во тој случај треба да знаете дека сончогледите бараат често менување на водата за да изгледаат свежо и да бидат потрајни.

Иако како што и самото име кажува за нив, сончогледите сакаат сонце, кога се во вазна тие треба да бидат поставени подалеку од директниот извор на светлина, бидејќи може да се исушат.

Убавината на сончогледот можете да ја внесете во вашиот дом и со детали украсени со мотивот на овој прекрасен цвет.

Во продолжение погледнете неколку фотографии за инспирација:

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...

Најчитани неделава