5 совети од експерт како да изберете најсоодветни материјали за уредувањето на домот

Ќебиња, завеси, постелнина, перничиња - што сè ви е потребно и како да го направите вистинскиот избор за домот да ви биде пријатно место за живеење?

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-01.jpg

Текстилот е најважниот елемент во домот, бидејќи токму тој го создава чувството на пријатност, удобност и топлина.

Преку боите тој „зборува“ за вашата визија за просторот, преку структурата на материјалот го истакнува она што е меко, нежно на допир, пријатно...

Руската архитектка и дизајнер на ентериер, Марија Боровскаја, која има 20-годишно искуство во оваа бранша, ги сподели своите совети за тоа што треба да направите за да го изберете најдобриот текстил за својот дом.

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-07.jpg

Таа има 5 правила:

Правило бр. 1: Изберете сеопфатен пристап

Аксесоарите од ткаенина треба да одговараат на стилот на мебелот, на украсните детали и на осветлувањето.

Завесите, прекривките, постелнината, чаршафите и перниците играат клучна улога во уредувањето на ентериерот - тие овозможуваат брзо да го промените изгледот на просториите и да му дадете свеж изглед на домот.

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-02.jpg

Правило бр. 2. Хармонично комбинирајте ги боите, но изберете и по некое парче што „отскокнува“

Избирајте и комбинирајте нијанси кои ќе го нагласат целокупниот концепт на просторот.

Дури и целата просторија да ви е во пастелни бои, изберете маса и столчиња кои ќе бидат во хармонични тонови со овие пастелни нијанси.

А потоа изберете барем едно парче во контрастни бои за да „отскокне“ од целиот простор и да биде впечатливо.

Ако не знаете како да ги комбинирате боите:

- Кафеава, беж, крем и сива изгледаат одлично во комбинација со светли детали.

- Жолта, црвена и портокалова го исполнуваат ентериерот со топлина и виталност - погодни се за украсување во дневната, кујната и детската соба.

- Минт, нежно сина и праска боја имаат позитивно влијание на нервниот систем и помагаат да се опуштите.

- Меките и придушени нијанси на сина, виолетова и сива се добри за спалната соба - смируваат и создаваат пријатна атмосфера.

- Природната теракота и зелената боја му даваат на просторот природен изглед и се погодни ако сакате дом со минималистички дизајн.

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-03.jpg

Правило бр. 3. Целото внимание треба да ви е свртено кон текстурата

Имајте на ум дека ткаенината често ќе биде во допир со кожата, па затоа треба да биде пријатна на допир.

На пример, за тапацир на софата можете да изберете материјал кој е ткаен во дезен кој потсетува на бродски паркет, да ставите куп меки украсни перници, да изберете прекривка со голема текстура.

Запомнете дека квалитетот и функционалноста на текстилот директно влијаат на удобноста во домот.

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-04.jpg

Правило бр. 4. Земете ги предвид својствата на ткаенините

Текстилот кој се користи за уредувањето на домот има различни својства. Па, така, на пример:

- Мекиот и издржлив памук може да се употреби скоро секаде и се користи за перници, покривки, завеси.

- Ленот има природен изглед и експресивна текстура. Тој е еколошки и пријатен на допир.

- Луксузната свила е совршена за летен декор, бидејќи создава чувство на леснотија, мека е и удобна.

- Кадифето создава меко, пријатно чувство и е одлично за тапацир и прекривки, особено за зимските и есенски дизајни.

- Шенил е материјал со луксузна мека и бушава текстира, кој често се користи како тапацир за мебел или за украсните додатоци во домот.

- Жакард (текстил сплетен или исткаен во повеќе бои, со карактеристичен преплет) има оригинална шара, а самата ткаенината има различни текстури. Тоа му дава карактер на ентериерот.

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-05.jpg

Правило бр. 5. Не го занемарувајте материјалот на теписите

Многу е важно е од какви влакна е направен тепихот. На пример:

- Волната е издржлива, лесна за чистење и има одлична топлинска изолација.

- Меките памучни килими лесно се перат и се погодни за простории во кои не се влегува често.

- Ленот е прилично густ материјал кој му дава структура на тепихот - најчесто се користи во ентериери кои се уредени во еколошки стил.

- Полиестерот е познат по својата издржливост и леснотијата со која се чисти.

- Полипропиленот е влакно кое е издржливо и отпорно на влага, па е идеален за просториите во кои „се гази“ најмногу.

- Најлонот (т.е вештачките влакна) добро ги задржуваат формата и бојата.

- Полуволнените влакна на кои им се додава синтетика ги спојуваат предностите на двата материјала - овие теписи се издржливи и удобни.

- Микрофиберот се користи за производство на меки теписи кои се пријатни на допир и кои се одржуваат лесно.

5-soveti-od-ekspert-kako-da-izberete-soodveten-tekstil-pri-ureduvanjeto-na-domot-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...

Најчитани неделава