8 совети како максимално да го искористите просторот во мал дом

Секое место за седење нека има простор за складирање и не заборавајте да го искористите вертикалниот простор за полици и шкафчиња, и тоа не само во кујната.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-01.jpg

Малиот дом не мора да изгледа натрупано ако внимателно го одберете мебелот и паметно го искористите просторот.

Ако сега го купивте домот или планирате да реновирате, треба однапред да размислите на кои места можете да ставите простор за складирање.

Во продолжение осум трикови што ќе ви бидат од корист:

Искористете го просторот пред прозорецот

Ако имате поширока рамки на прозорците, можете да го искористите овој простор за украси, книги или, пак, растенија.

На овој начин ќе ја разубавите просторијата, без украсите да ви зафаќаат друг простор.

Доколку просторот е доволно голем, можете да го намените и како место за седење.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-02.jpg

Не ги оставајте ѕидовите празни

Секогаш можете да го искористите и вертикалниот простор, со шкафчиња и полици.

Доколку во кујната немате доволно фиоки шкафчиња, приборот за готвење, како ножеви и лажици, можете да го закачите на ѕидот.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-03.jpg

Место за седење со простор за складирање

Ако имате место за табуретка, тогаш купете модел со простор за складирање.

Во ходникот, пак, можете да ставите клупа за седење со простор за чување чевли.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-04.jpg

Искористете го просторот над вратите и под скалите

Над вратите во домот можете да ставите шкафчиња или полици кои ќе ви бидат дополнителен простор за складирање.

Ако живеете во (мала) куќа и имате скали, не го оставајте просторот празен, туку најдете му некаква намена.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инстал...

Најчитани неделава