8 совети како максимално да го искористите просторот во мал дом

Купете пластични и проѕирни кутии за складирање

Ако треба да купувате кревет за спиење, купете висок модел, со простор за складирање.

Под него, пак, организирајте ги предметите во проѕирни пластични кутии.

Овие кутии штитат, издржливи се, а нудат и прегледност за лесно да можете да се снајдете.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-06.jpg

Искористете го просторот под мијалникот во бањата и кујната

Под мијалникот во бањата секогаш има доволно простор за цело шкафче.

Во кујната, пак, искористете го шкафчето под мијалникот за складирање или за корпа за отпадоци.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-07_copy.jpg

Искористете ги вратите

На вратата од бањата може да ги закачите бањарките, а на влезната врата исто така можете да ставите закачалка.

Можете да ја искористите внатрешната страна од вратите на кујнските шкафчиња за да закачите некои предмети и да заштедите простор.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-08_copy.jpg

Направете мултифункционални зони во домот

Купувајте мултифункционален мебел и размислете како еден простор можете да го искористите на повеќе начини.

На пример, креветот во детската соба може да го ставите повисоко, а под него да има биро.

Или, наместо голема трпезариска маса, ставете маса што може да се собере.

Ако купувате биро, осигурете се дека ќе има фиоки и простор за складирање.

8-soveti-kako-maksimalno-da-go-iskoristite-prostorot-vo-mal-dom-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инстал...

Најчитани неделава