Помошна куќа за персонал, турска бања - Како е уреден луксузниот дом од 2,5 милиони евра на Лепа Брена?
Собите во приземјето се широки и пространи, споени една со друга - од отворената кујна се влегува во огромната дневна соба и трпезаријата. Во дневната има камин, масивни украсни ламби, столчиња со изрезбани украси, а до вториот кат водат вртени скали со ограда во боја на злато.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, повеќе од две децении живеат во луксузна куќа во елитната населба Бежанијска Коса во Белград.
Куќата се проценува дека вреди 2,5 милиони евра, а неодамна се пишуваше дека Брена и Боба ќе ја продадат на Филип, синот на Боба од првиот брак и на неговата сопруга Александра Пријовиќ.

Иако е една од најекспонираните жени на Балканот, па и пошироко, низ годините Брена само неколкупати ги отворила вратите на својот дом за медиумите и покажа мал дел од тоа како е уреден просторот во којшто живее.
Куќата од црвена цигла, е заштитена со висока ограда од очите на минувачите и љубопитните фанови кои понекогаш се обидуваат да ѕирнат внатре.

А во куќата доминира луксуз, каков што и може да се очекува од една од најбогатите жени во музичката индустрија.
Нејзиниот дом е опремен со скап мебел и детали кои го пополнуваат скоро секој дел од просторот, а има и многу семејни фотографии.

Собите на приземјето се широки и пространи и се споени една со друга - од отворената кујна се влегува во огромната дневна соба и трпезаријата.
Во дневната има камин, масивни украсни ламби, столчиња со изрезбани украси.

До вториот кат водат вртени скали со ограда во боја на злато.
Кујната е со голема работна маса и елементи од камен.

Овој дел од домот на Брена е често во фокусот на вниманието, особено околу Св. Аранѓел и Михаил, кога е куќната слава на пејачката, па и таа и нејзиниот помал син Виктор, споделуваат фотографии и видеа од подготовките на сармата, храната и атмосферата во домот на пејачката.

Покрај големата куќа, имотот има и неколку помали, помошни згради, од кои едната е за персоналот кој работи на имотот на Брена и Боба.
Во централниот дел на дворот има базен, но и турска бања.

Во дворот на пејачката има и овоштарник со јаболка, но и градина со цвеќе.

Погледнете повеќе фотографии од домот на Брена:







