Стилски и практични идеи како да го декорирате ѕидот зад гарнитурата во дневна соба
Огледалата визуелно ќе ја зголемат малата дневна, додека украсните лајсни се идеални ако сакате нешто поминималистичко со доза луксуз.

Генерално, ѕидот зад гарнитурата во дневната соба е неискористен простор, освен ако немате прозорец.
Ако го оставите празен, собата може да делува малку стерилно, па секогаш е добро да ставите некаква декорација.
Ако немате идеја, можеби ќе ви се допадне нешто од следниве предлози:
Дрвени панели
Еден од најпопуларните трендови од изминатите неколку години се дрвените панели.
Повеќето ги ставаат на ѕидот каде што стои телевизорот, но можат да изгледаат исто добро и на ѕидот зад гарнитурата.

Огледала
Огледалата визуелно го зголемуваат просторот, па се идеална декорација за мала дневна соба.

Слики и фотографии
На ѕидот зад гарнитурата можете да си направите и галерија со уметнички дела и фотографии.
