Трикови за уредување со кои и скромната кујна ќе делува луксузно и елегантно
Дајте им предност на неутралните бои
Неутралните бои изгледаат елегантно и луксузно. Притоа, безвремени се и лесно се комбинираат со други нијанси ако сакат да промените нешто.

Додајте растенија
Во зависност од просторот што го имате на располагање, додајте и малку зеленило во кујната.
Може да ставите и саксија со свежи зачини како босилек или нане.

Не ја трупајте кујната со непотребни работи
Ако кујната е средена и чиста, ќе делува поубаво и полуксузно.
А, за полесно да го постигнете ова, избегнувајте да трупате непотребни украси и предмети.

Додајте свој личен печат
За кујната на изгледа „празно“ како од каталог, добро би било да додадете некој свој личен печат.
Ова може да идат слики, фотографии или нешто слично што нема да зафаќа многу место, а ќе му даде „душа“ на просторот.

Спирова С. | Црнобело