Трикови за уредување со кои и скромната кујна ќе делува луксузно и елегантно
Акцентирајте некои делови со потемни нијанси и добро осветлете го просторот со неколку извори на светлина.

Ако немате голем буџет за уредување на кујната, не значи дека треба да изгледа лошо.
Со некои трикови и совети, и скромната кујна која не чини цело богатство може да делува елегантно, па дури и луксузно.
Неколку трикови што ќе ви се најдат:
Акцентирајте со потемни нијанси
За да изгледа чисто и средено, во кујната е подобро да доминираат посветли нијанси.
Но, ќе ѝ дадете луксузна нота ако акцентирате некои делови со потемни бои.

Добро осветлете ја
Внимателно поставеното светло ќе направи кујната да изгледа попространо.
Ако имате прозорци, тогаш не ставајте тешки завеси, туку дозволете да влегува природна светлина.
Кога се во прашање светилки, најдобро е да има една „главна“, како минималистички лустер на таванот, но треба да биде осветлен и просторот кај работната маса.
За ова можат да ви послужат лед светилки.

Ставете огледало
Огледалата визуелно го зголемуваат просторот, а можат да ја направат и кујната посветла ако ги поставите спроти прозорец.
Но, никако немојте да ставате огледала во близина на работната маса или шпоретот – лесно ќе се валкаат и само ќе го нарушат убавиот изглед.

Оставете една-две отворени полици
Отворените полици не се многу практични. Но, ако имате простор, оставете една или две.
Секако, важно е да не ги трупате овие полици туку на нив изложете еден сервис чинии или шолји или, пак, ставете некој украс.
