Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок
Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете ги навлаките на декоративните перници…

Ако сте како повеќето, досега или сте ја направиле пролетната генералка или ја планирате наскоро.
Но, некогаш само чистењето на домот не е доволно за да ви делува „посвежо“.
Ако сакате нешто ново, не мора да трошите многу пари и доволно е да замените само неколку ситници, кои нема да ве чинат многу.
Како да го освежите домот со минимален трошок?
Украсете ја влезната врата
Ако ставате декорации на вратата во зима, кога се слави Божиќ и Нова година, зошто да не ја украсите и кога ќе дојде пролет?
Периодов можете да ставите некоја велигденска декорација, а можете да украсите и со цвеќе.

Заменете ги навлаките на декоративните перници
Ова е најлесниот начин да го освежите изгледот на просторијата.
Купете нови навлаки со пролетни мотиви или ако сакате минимализам, изберете модели со светли бои.

Внесете зеленило
Нешто што најмногу асоцира на пролет е зеленилото. Растенијата се одлична декорација, а можете да ставите и вазна со свежо цвеќе.

Средете го просторот околу мијалникот во бањата
Купете нов сад за сапун, ставете некоја декоративна свеќа, купете нови крпи за раце…
Сето ова се ситници што не чинат многу, а прават разлика во изгледот.
Истото можете да го направите и за кујната – купете сад во кој ќе го ставите средството за садови, ставете нови кујнски крпи, купете држач за сунѓерче…

