Трикови за пролетно освежување на малиот балкон
Додајте амбиентално светло и растенија и ставете завеса. Дури и најмалиот балкон можете да го претворите во удобно катче.

Времето конечно е потопло, што значи време е за чистење на балконот.
Проблемот е што балконите во зграда главно се минијатури и се чини како да нема простор за апсолутно ништо.
Но, со малку креативност, и најмалиот балкон можете да го претворите во удобно катче.
Неколку трикови и совети:
Додајте осветлување
Силното светло на балконот воопшто не е пријатно кога седите навечер. Амбиенталното, од друга страна, прави огромна разлика.
Ставете мали сијалички, свеќи, столна ламба со жолто светло и веднаш ќе го претворите балконот во удобно катче.

Додајте растенија
Нема ништо поубаво од балкон со зеленило и цвеќе, па не го прескокнувајте овој чекор.
Само важно е да изберете растенија во зависност од положбата на вашиот балкон – ако, на пример, е свртен кон југ, тогаш ќе ви требаат растенија кои поднесуваат директна сончева светлина.
Можете дури да си насадите и зачини, како оригано и босилек, па и едно стебло домати во саксија.

Направете удобно место за седење
Важно е местото за седење на балконот да биде удобно, па избегнувајте ги минијатурните столчиња.
Ако имате многу мал простор, тогаш на едниот агол можете да ставите мала гарнитура за тераса, па и да импровизирате нешто со палети, а да заштедите простор со масичката, односно да ставите помала.

