Трикови за пролетно освежување на малиот балкон
Ставете завеса
Завесата ќе му даде доза елеганција на просторот, но истовремено ќе ви даде приватност и ќе ве штити од инсекти.
Потемната завеса може да ви биде и заштита од сонце.

Ставете стабилна масичка
Масата на балконот нема потреба да биде многу голема, но важно е да биде стабилна.

Ставете декоративни перничиња
Декоративните перничиња со живи бои и пролетни мотиви можат да бидат како акцент на балконот.
Притоа, ќе го направат и седењето поудобно.

Ставете килим
Килимот на подот на балконот прави огромна разлика.
Покрај тоа што го исполнува просторот, ви овозможува и на терасата да одите боси, па и да седнете на подот, што ќе ја направи уште поудобна.
Секако, изберете килим кој можете лесно да го истресете и исперете во машина.

Спирова С. | Црнобело
