Практични парчиња мебел со кои и најмалиот дом ќе делува поголем - Што да изберете ако имате мала квадратура?
Мебел кој има двојна намена, на пример ниска рамна фотелја врз која можете и да седите, но и да ја користите како масичка за кафе, одлично ќе се вклопи во мал стан... Што друго можете да изберете?

Последниве години многу станови се со мала квадратура, а некои имаат и помалку од 30m2, на пример.
Но ограничениот простор за живеење не значи дека вашиот дом ќе изгледа многу мал, напротив, со добар распоред и купување функционални парчиња мебел, тој може да изгледа визуелно многу поголем од реалното.
Каков мебел е најсоодветен за мал стан?

Мебел кој создава оптичка илузија
Тука се мисли пред сè на плакар со лизгачки врати, но и огледала на вратите.
Поради лизгачките врати нема да ви треба многу простор за да го отворите плакарот, а во неговата внатрешност може да има и фиоки и дел со полици, но и шипка на која ќе ставите закачалки со облеката што виси.
Во тој случај, длабочината на плакарот може да биде и 45cm, што е сосема доволно за складирање облека.


Ако изберете и модел со огледало, огледалото визуелно ќе го зголеми целиот простор, па тој ќе изгледа и двојно поголем.
И уште една предност е ако се решите за плакар во светла, наместо темна боја.
Исто така може да изберете и масички што „влегуваат“ една во друга, или стаклени парчиња кои може да се постават веднаш до ѕид.


Меки кревети и фотелји кои лесно се разместуваат и трансформираат
„Мекиот“ мебел дава поблаг изглед на просторот и малку топлина.
Но, ако изберете гарнитура од неколку парчиња, на пример, лесно ќе можете да ја трансформирате.
Исто така, ако таа гарнитура има фотелји, можете да ги преместувате по потреба од една на друга страна во просторијата и да ги позиционирате според моменталната ситуација (потреба).

