Летни декорации во домот

Летото пристигна, а со тоа и дружбите со пријателите во домашна атмосфера. Потрудете се да бидете креативни и да направите уникатни летни декорации за вашиот ентериер.

letni-dekoracii-vo-domot-01

Јаболка што лебдат

Се што ви треба се неколку зелени јаболка и широки вазни. Наполнете ги широките вазни со вода на различни нивоа и во секоја вазна ставете по некое јаболко внатре.

letni-dekoracii-vo-domot-1

Заробени цвеќиња

Обојте некои тегли со метален спреј и искористете ги како саксии за цвеќиња. Овој украс е евтин и впечатлив.

letni-dekoracii-vo-domot-2

Дрвената мала саксија

Чисто и рустикално. Најдете стара дрвена кутија во домот која нема некоја посебна употреба и искористете ја за украс на трпезариската маса. Наполнете ја со земја и насадете некои едноставни тревки. Едноставен мал детаљ на масата со кој се создава пријатна и релаксирана атмосфера.  

letni-dekoracii-vo-domot-3

Парче градина

Ако имате некој дел од домот кој изгледа празно оваа идеја сигурно ќе ви се допадне. Се што ви е потребно е некој голем сад кој повторно ќе го испрскате со спреј во боја или со лак и ќе го употребите како вазна. Наполнете го со трева и додајте некој впечатлив цвет.

letni-dekoracii-vo-domot-4

Гушнати моркови

Да, морковите можат да бидат многу декоративни. Одете на пазар изберете приближно еднакви моркови и поставете ги во некој стаклен сад. Слатко и уникатно, сигурно ќе го привлече вниманието на гостите.

letni-dekoracii-vo-domot-5

Меланхолични лалиња

Има нешто посебно во овие цвеќиња. Тие се толку кревки, нежни, а сепак елегантни и грациозни. Сместете ја оваа убавина на вашата маса во некоја широка вазна и уживајте во магичната атмосфера во вашиот дом.

letni-dekoracii-vo-domot-6

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава