Инспирирајте се: Инстаграм манија во вашиот дом

Инстаграм го доживува своето златно доба веќе подолго време. Речиси сите се опседнати со него и е единствената мрежа од која се дознаваат ексклузивни информации.

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-01

Уредувања на ентериерот, храна, патувања, па дури и дружењата на славните зад сцената, се она што секојдневно го следиме на Инстаграм.

Но, овој пат ги издвоивме најдобрите идеи за уредување на домот. Нека ви послужат како пролетна инспирација:

Малечки масички за кафе

Малите, уметнички маси за кафе преполни со книги, весници и ситници кои се секогаш во тренд, станаа најфотографираното катче во домот на славните. Она што е сигурно е тоа дека вашиот дом дефинитивно ќе изгледа посвежо покрај ваков уметнички момент во него.

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-02


Порцелан

Порцеланските детали за некои изгледаат евтино и старомодно, но оваа година тие го најавија своето гламурозно враќање во домот токму на Инстаграм.

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-03


Влезна врата

Можеби овој тренд нема да заживее кај нас како во остатокот од светот, но колоритните врати во неонски бои се главна одлика на домовите на славните.

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-04


Ѕидни тапети

Некои ги сакаат, некои не, но тие се вечниот Инстаграм тренд. Уште ако се одлучите за цветен принт со ретро дух? Имате полн погодок.

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-05


Леопард принт

Дури и да не сте љубител на овој мачкест изглед во домот, токму него го предлагаат светските дизајнери и уредувачи на ентериерот.

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-06


Посебно дезенирана постелнина

Зошто да купувате обична, класична постелнина, кога може да уживате во персонализираните рабови, материјали и дезени?

inspirirajte-se-instagram-manija-vo-vasiot-dom-07

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...

Најчитани неделава