Евтини трикови за пролетно освежување на домот

Во периодот кога вашиот дом го обви монотонија од бои, дезени и недостаток на светлина, ви го разубавуваме денот со неколку евтини трикови со чија помош брзо ќе го освежите.
Ако и во вашиот дом ја почувствувате пост-зимската депресија, овој месец дефинитивно е создаден за нејзино разбивање.
Додека сте во исчекување на официјалната пролет, еве како да си го разубавите секојдневието:
Купете свежо цвеќе - Упатете се кон најблиската цвеќара и одберете лалиња, рози и божури во светли бои.

Купете овошје - Одберете овошје во свежи бои – портокали, лимони, јаболка, грејпфрут, јагоди и сместете ги во стаклен сад со необичен облик.

Купете или сошијте нови пернички – Само 5 пернички во различни бои и дезени, и најтемниот дом може да го претворат во хармоничен простор.

Додајте меки прекривки на столиците – Со нивна помош ќе додадете доволна доза на топлина, а воедно старите дрвени столици ќе изгледаат помодерно.

Реорганизирајте ја полицата со книги – Наредете ги книгите според боите на кориците или додадете цветни детали помеѓу книгите. Разбијте ја монотонијата од наслови и натписи, ќе се изненадите од промената.

Додајте боја во вашата бања – Со помош на пешкири во боја и сламени декорации, студената бања може да ја претворите во симпатично пролетно катче.

Исчистете ги површините – Хаосот од шанкот и масичките заменете го со минимализам. Доволна е една цветна декорација или украсна шолја за чај во некој агол за собата да добие потполно нов изглед.

Нагласете го изворот на светлина – Сите прозорци или стаклени врати откријте ги. Заборавете на темните завеси и ролетни.

Купете зачини со пријатен мирис – Додајте и живост на вашата кујна или трпезарија со помош на рузмарин, ментол, мајчина душичка или босилек. Аромата е незаменлива, исто како и природниот амбиент.

Обојте ги плакарите, но овој пат од внатре – Последен, но не најмалку важен трик. Токму таа боја од внатрешната страна на плакарите секое утро ќе ви изнуди мала насмевка.
