Направи сам: Брзи и евтини велигденски декорации

Време е да ги започнете велигденските подготовки и украсувања. За околу десетина дена го очекуваме еден од најголемите христијански празници Велигден.

napravi-sam-brzi-i-evtini-veligdenski-dekoracii-za-domot-01

Покрај религиозното значење овој празник е голема радост и за дечињата кои ги обожуваат игрите со кршењето на јајцата, интересно украсениот дом и шарените бои.

Токму затоа постојат најразлични начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново.

Но, за тоа не ви треба да потрошите уште една плата, туку само малку поголема доза креативност и трпение.

Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова.

Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа.

Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте им очи, уста, нос.

Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно.

Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца.

Може да направите и кошничка во вид на јајце само со помош на лепило, конец и балон околу кој ќе го залепите конецот и ќе го пукнете балонот, а во шуплината ќе ги сместите јајцата.

Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца.

Домот може да го украсите со многу зајчиња и пиленца кои се сметаат за симболи на овој празник. Трпезата украсете ја со интересни салфетки и украси.

Погледнете некоја од идеите кои може да ви помогнат да ги направите и сами:

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...

Најчитани неделава