Ѕидови како уметничко дело


Ѕидови како уметничко дело

Фотографии, тапети, плочки се само дел од додатоците со кои може да ги украсите ѕидовите во вашиот дом. Но, секогаш може да пробате некоја нова идеја и нов начин за да ги освежите и да им дадете посебен шарм и стил.

zidovi-kako-umetnicko-delo-01

1. Детали

Еден од ѕидовите во просторијата обојте го во различна боја и залепете му некој интересен стикер како декорација и нешто што ќе го даде вистинскиот впечаток и стил.

zidovi-kako-umetnicko-delo-1


2. Допишување

Одвојте еден дел од ѕидот на кој ќе имате мала табла или пано за оставање и допишување пораки. Тоа ќе му даде семејна топлина на домот, можност за мали изненадувања и убави мисли, а може и да се вклопи токму на она место кое би сакале да го промените.

zidovi-kako-umetnicko-delo-2


3. Тапети

Особено добро решение за во тоалетот се тапетите со различни мотиви кои ќе направат сосема нов визуелен простор. Наместо досадните плочки, залепете тапети кои се со подводни фотографии или шумски предел, па ќе се чувствувате како да не сте во тоалет, туку на некое друго интересно место.

zidovi-kako-umetnicko-delo-3


4. Изложба

На еден од ѕидовите направете си мала галерија со најубавите слики од семејството и пријателите. Распоредете ги на интересен начин, разиграјте го просторот и имајте си ѕид на спомени во домот.

zidovi-kako-umetnicko-delo-4


5. Шаренило

За оние кои сакаат да си играат со боите и деталите, а да ги избегнат класичните бои, може да искористат некоја идејана шпанскиот уметник Гауди и ситните керамички парчиња од скршените садови или плочки да ги залепат на некој ѕид за да му дадат интересен и динамичен изглед.

zidovi-kako-umetnicko-delo-5

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
Интересни начини да го декорирате домот со марами Верувале или не, марамите можат на интересен начин да го украсат домот. Ако имат...
Детали во модерните домови што нашите баби и дедовци не би ги сфатиле Животот на луѓето изгледал многу поразлично пред само 20-тина години, а многуте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg