Декоративни идеи кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


Декоративни идеи кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом

Со само малку труд преку лесни и едноставни трикови внесете свежина и визуелно променете го изгледот на вашиот дом.

dekorativni-idei-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vasiot-dom-1

Неколку интересни вази со шарени цветови, боење на рамките со слики и други детали кои ви се чинат неважни, но, сепак, многу ќе допринесат за уредување на просторот.

Па, подгответе се за овие идеи и со малку креативност освежете го вашиот дом:

1. Некои работи изгледаат подобро кога се недовршени

Бидете креативни и оставете ги некои работи да изгледаат како да се недовршени. Така на пример кога бојадисувате, изоставете еден или дел од ѕидот небојадисан. Ако купувате нови маса и столици, купете една столица која целосно ќе се разликува од останатите. Внесете малку разновидност во работите и сѐ ќе изгледа поинаку.

dekorativni-idei-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vasiot-dom-2


2. Наредете ги книгите хоризонтално

Доколку имате премногу книги, променете го нивниот распоред и свртете ги хоризонтално. Целата просторија ќе добие сосема нов изглед преку овој трик. Играјте си со уредувањето на книги за кои постојат многу креативни начини, а овој е наједноставниот.

dekorativni-idei-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vasiot-dom-3


3. Направете си мини галерија

Одберете едно ќоше од домот и преуредете го во една мини галерија. Пронајдете слики на интернет или пак повикајте некој да ви ги направи. Можат да бидат од хартија па потоа вие самите да ги залепите или директно насликани за ѕидот. Уредете го ќошето со интересни столици и ќе биде одлично место за дружење со вашите пријатели.

dekorativni-idei-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vasiot-dom-4


4. Перници со различен дезен

Направете неколку перници со различен дезен од остатокот од гарнитурата и дизајнот на вашиот дом. Поставете ги во дневната соба или спалната и ќе добиете шарен и несекојдневен изглед.

dekorativni-idei-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vasiot-dom-5


5. Разновидност во мебелот

Не морате секогаш да ја купувате гарнитурата која оди во пар. Мешајте ја и правете разноликост во домот. На тој начин ќе внесете повеќе забава и не заборавајте да играте со боите.

dekorativni-idei-koi-celosno-kje-go-promenat-izgledot-na-vasiot-dom-6

Би можело да ве интересира:

Работи од домот со кои е време да се збогувате Свесни сте дека во домот имате многу непотребни работи, не зависно дали добиени ...
11 работи што треба да ги обоите за белиот ентериер да добие нов изглед Одвреме навреме, на сите ни станува здодевен и монотон домот, дури и ако кога см...
13 работи кои прават уредувањето на домот да ви изгледа евтино Безличните предмети, несоодветната големина на мебелот и пренагласените ѕидови с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg