Направи сам: Природни освежувачи за домот

Мирисите имаат големо влијание врз нашето расположение. Некои не потсетуваат на убавите моменти, други на годишните времиња, а некои не враќаат назад во детството.

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-1

Наместо да купувате, направете си природен освежувач за вашиот дом, кој во ниеден случај не може да ви наштети на здравјето, како тоа што го можат препаратите за освежување кои содржат разни хемикалии.

Погледнете ги овие 6 начини на кои ќе внесете фантастичен мирис и свежина во вашиот дом:

1. Мирисни свеќи од ванила и кафе

Комбинацијата од ванила и кафе ќе ви го исполни домот со топлина. За да го направите овој освежувач потребни ви се неколку свеќи од ванила(мали, во метални држачи). Следниот чекор е да ги запалите свеќите и да почекате да се истопи восокот, односно да премине во течна состојба. Откога ќе стане течен, во восокот ставете неколку зрна кафе. Изгаснете ја свеќата и почекајте да се олади, а восокот да се стврдне. Следниот пат кога ќе ја запалите свеќата, домот ќе ви замириса на ванила и кафе.

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-2jpg



2. Мирисно потпалување

Идеален начин истовремено да ја загреете куќата и да ја исполните со волшебен мирис. Потребно ви е следново: филтер за кафе, игла и конец, сува кора од јаболко, каранфил, цвет од лаванда, рузмарин и цимет. Сите состојки ставете ги во филтерот и зашијте ги. Доколку немате камин или печка на дрва, тогаш овој освежувач можете да го подарите некому. Бидете сигурни дека ќе бидат изненадени од прекрасниот мирис кој ќе го добијат во нивниот дом, по потпалување на овој освежувач.

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-3jpg



3. Грејпфрут и цимет

Температурите полека ќе започнат да опаѓаат, а тогаш воздухот во домот станува сув. Но и за тој проблем постои решение. Наполнете едно тенџерче со вода во која ќе ставите кора од грејпфрут и две кафени лажички цимет во прав. Ставете го тенџерчето на шпорет за да зоврие водата, а потоа намалете ја температурата. Пареата која ќе излегува од тенџерето ќе го навлажни воздухот, а циметот и грејпфрутот ќе го претворат во мирисна оаза.

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-4jpg



4. Миризливи стапчиња

Наполнете една часа со 2 децилитра вода, а потоа додајте по 5 капки есенцијално масло од еукалиптус и лаванда. Додајте неколку стапчиња од трска во чашата и ќе добиете интересен украс, кој во исто време и прекрасно мириса. На секои 2 часа промешајте ја водата за повторно да го активирате мирисот.

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-5jpg



5. Миризлив спреј за постелнина

Ако сте во потрага по природен, миризлив и едноставен спреј за вашата постелнина, тогаш следниов сигурно ќе ве воодушеви. Во едно шишенце со распрскувач ставете 2 децилитра вода и додајте 10 капки есенцијални масла од лаванда и камилица( мирисите можете сами да ги комбинирате). Промешајте го шишенцето и спрејот е подготвен. Можете да го користите за постелнина, облека, мебел...

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-6jpg



6. Комбинација од мириси

Одберете дрвен, стаклен или керамички сад во кој ќе ставите сѐ што имате од следниве состојки: исушена кора од портокал, лимон или грејпфрут, стапчиња од цимет или ванила, каранфил, разно суво цвеќе или овошје. Фантазирајте. Кога ќе ја наполните чинијата, сите состојки попрскајте ги со неколку капки од вашето омилено есенцијално масло. Вашата комбинација од мириси е подготвена да се фрли на работа и да го освежува вашиот дом. 

napravete-sami-osvezete-go-vasiot-dom-so-prijatni-mirisi-7g

Би можело да ве интересира:

Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Зеленило во секој дел од домот: Идеи од Пинтерест за да го „живнете“ просторот Со доаѓањето на пролетта природата почнува да оживува, а со тоа и собните растен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg