Романтично, со стил: Виолетови свадбени декорации (фото)

Традиционалните свадбени бои се задолжителни и прекрасни, но сепак не оставаат толку добар впечаток како виолетовата.

romanticno-so-stil-violetovi-svadbeni-dekoracii-foto-01.jpg

Таа е боја со која секој простор може визуелно да се осветли, затемни, прошири или стесни, зависно од нијансата, само треба внимателно да одберете.

Започнете со виолетовите фустани на деверушата или старосватицата, преминете на цветните декорации над секоја маса, сатенските траки на столчињата, па дури и декоративните салветки на масата може да бидат виолетови.

Тортата, бидермаерот или китенките украсете ги со темно виолетови ленти и цветови, а белата венчаница освежете ја со виолетови чевли и гламурозни обетки.

Неопходно е да одберете една основна нијанса до која ќе се задржите, со најмали можни отстапки, за да ја задржите романтиката и елеганцијата на целиот настан.

Одбраната нијанса комбинирајте ја со бела боја или малку зеленило доколку сте похрабра невеста и сте одбрале темна виолетова, додека светлите, пастелни нијанси на оваа боја одлично одговараат со останатите пастелни и пудрести тонови.

Магично, романтично, стилски... Еве зошто да одберете виолетови декорации на свадбениот ден:

Би можело да ве интересира:

7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та Тиркизна и сива за бањата и спалната соба, како и боја на сенф и темносина за во...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...

Најчитани неделава