Фенг шуи за благосостојба во домот: Не ги редете чевлите пред врата и исфрлете ги пукнатите чаши

Дали забележувате негативна енергија, нервоза, па дури и недостаток на хармонија во својот дом? Доколку одговорот е потврден, веруваме дека ова ќе ви помогне.

6-rizicni-predmeti-vo-domot-koi-vi-ja-kradat-energijata-01.jpg

Само малите измени во домот може да ви донесат големи позитивни промени.

Многу често не сме ни свесни дека постојат предмети кои ни ја црпат енергијата и ни го згрозуваат мирот и хармонијата.

Ова се главните 6 кои не смее да ги игнорирате:

1. Валкана гардероба во аголот на собата

Ова е една од основните работи кои треба да ја промените. Можеби најлесно е да ја фрлите валканата облека, но треба да знаете дека на тоа место се излева позитивната енергија од домот. Би требало во секој простор да имате по една корпа за валкана облека, која редовно ќе ја празните најмалку 2-3 пати неделно.

2. Наредени чевли покрај вратата

Без оглед дали се наредени во спалната, дневната или ходникот, овие предмети се вистински енергетски цицачи, посебно доколку се валкани.

3. Куп стари магазини, хартии и книги

Магазините фрлете ги во отпад доколку сте ги прочитале. Ако пак собирате магазини или книги, чувајте ги на полица, уредно подредени. Ако се расфрлани низ просторот, ви носат хаос и негативна енергија.

6-rizicni-predmeti-vo-domot-koi-vi-ja-kradat-energijata-02.jpg

4. Пукнати чинии, чаши и садови

Пукнатите садови носат лоша енергија, независно дали ги користите или не. Подобро купете евтин, нов комплет, отколку да користите стар а поткршен. Користењето на вакви садови негативно влијае на кариерата и финансиите.

5. Празни тегли ориз, сол или шеќер

На сите ни се случува да останеме без најнеопходното, меѓутоа тоа е голема грешка која секојдневно си ја дозволуваме. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во просторот.

6. Место за седење или спиење под греда

Дрвените греди се помеѓу омилените дизајнерски елементи, под кои никогаш не треба да поставите тросед или кревет. Во тој случај, ќе имате проблеми со негативната енергија дури и додека одмарате.

Би можело да ве интересира:

Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите) Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја на...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...

Најчитани неделава