Еве како најлесно да се ослободите од непријатните мириси во домот

Мирисот кој се шири низ домот по подготвувањето на вкусен ручек, можеби е најстрашниот непријател на домот и домаќинките кои сакаат да ја одржат свежината.

eve-kako-najlesno-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-mirisi-vo-domot-01.jpg

Понекогаш не сме ни свесни дека нашиот дом има свој, специфичен мирис, но гостите тоа нема да го пропуштат.

Ако не сакате да ризикувате и да бидете мета на коментари, постојат неколку трикови со кои можете да се послужите.

Од голема помош може да ви биде трикот со лимон. Во 100-150 ml вода сварете ја кората од 1 лимон, па откако ќе се олади ставете ја во шише со распрскувач. Ова е можеби најевтиниот, а најделотворен освежувач.

За да го неутрализирате мирисот потребен ви е оцет затоа што тој е одличен сојузник на чистиот дом. Истурете малку оцет во еден сад и ставете го на видливо место. По ден до два садот со оцет ќе ги впие сите мириси. Тоа најдобро ќе го забележите кога ќе влезете во домот од надвор.

За побрзи резултати во зовриена вода ставете неколку лажици оцет и оставете ја течноста да испарува. Пареата одлично ги неутрализира непријатните мириси.

Непријатните мириси кои мачињата и кучињата ги оставаат на вашиот мебел или тепих, најлесно ќе ги отстраните така што парчето мебел ќе го посипете со сода бикарбона. Оставете ја да отстои 15 минути, а потоа отстранете ја со правосмукалка.

Непријатниот мирис кој се шири од кантата за ѓубре можете да го сокриете така што ќе искористите една кора од лимон или портокал и ќе ја фрлите во кантата да стои заедно со ѓубрето.

Ако имате проблем со непријатен мирис во ладилникот, оставете еден отворен сад наполнет со прашок за печиво. Оставете го да преноќи. Утредента само пребришете го ладилникот.

Имате и вие некој трик за пријатен мирис во домот? Споделете...

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава