8 евтини начини на кои можете да ја внесете есента во домот

Сезоната на топлите материјали и есенски бои веќе одамна започна, па ако вашиот дом нема ниту една од овие две карактеристики, време за мала промена.

8-evtini-nacini-na-koi-mozete-da-ja-vnesete-esenta-vo-domot-01.jpg

Постојат безброј начини и преуредувања на кои можете да ја внесете есента во домот, но денес ви ги предлагаме 8-те најбрзи и наједноставни.

1. Совршена комбинација од бои

Зависно од тоа која боја преовладува во вашиот дом, додадете некоја спротивна нијанса. На пример, монотонијата на кафеавите и неутрални тонови, разбијте ја со портокаловата, додека во потемните соби секогаш можете да ја внесе бојата на карамелата. Најважно е да создадете есенски контраст.

2. Удобни перничиња

Најдобро е да купите интересни материјали и сами да направите навлаки за веќе постоечките перничиња. Ова е најевтината и наједноставна варијанта која за само неколку часа може да го промени изгледот на секоја соба.

8-evtini-nacini-na-koi-mozete-da-ja-vnesete-esenta-vo-domot-02.jpg

3.Топли прекривачи

Ќебињата или плетените ткаенини постелете ги на троседот, префрлете ги преку фотелјата или столчето кое ви изгледа студено. Портокаловата боја е идеална за топол, есенски изглед.

8-evtini-nacini-na-koi-mozete-da-ja-vnesete-esenta-vo-domot-03.jpg

4. Венче на влезната врата

Прекрасното венче проткаено со боите на есента поставете го на влезната врата. На тој начин ќе и посакате топло добредојде на студената сезона, а и на гостите кои ќе се чувствуваат попријатно уште од самата врата.

5. Декорација за маса

На трпезариската или масичката во дневната, задолжително поставете некој цветен аранжман или украс во издлабена тиква. Пронајдете ја инспирацијата во есенските плодови, цветови и бои.

8-evtini-nacini-na-koi-mozete-da-ja-vnesete-esenta-vo-domot-04.jpg

6. Миризливи свеќи

Ова е задолжителен детаљ во секоја сезона, па така и во есента. Одберете златни, црвени, портокалови и кафени свеќи со смирени мириси на кафе, ванила, чоколадо или јаболко.

8-evtini-nacini-na-koi-mozete-da-ja-vnesete-esenta-vo-domot-05.jpg

7. Дрвени украси

Стаклените вази заменете ги со дрвени садови, а порцеланските сувенири, со дрвени и природни изработки. Едноставно е, брзо и многу поевтино.

8-evtini-nacini-na-koi-mozete-da-ja-vnesete-esenta-vo-domot-06.jpg

8. Природа во некое ќоше од домот

Внесете ја природата така што во убава саксија или голем ќуп ќе ставите неколку гранки од дрвја кои изгледаат раскошно. Време е зеленото цвеќе да го замените со малку поуникатна декорација.

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg