Како да се ослободите од пајаците еднаш засекогаш?

Никој не сака кога ќе здогледа како огромен пајак шета по ѕидот, но ретко кој знае што да преземе, освен да го удри со првиот предмет при рака.

kako-da-se-oslobodite-od-pajacite-ednas-zasekogas-01.jpg

За отстранувањето на пајаците да биде малку подолгорочно, ви предлагаме 4 совети кои можете да ги искористите уште денес:

1. Масло од пеперминт

Ова масло им пречи на штетниците помеѓу кои спаѓаат и пајаците. Измешајте го со вода, пропрскајте ги ќошињата од ѕидовите и редовно користете го како освежувач на просторот.


2. Кора од цитрусно овошје

Пајаците го мразат мирисот на портокал и лимот, па затоа идеално решение е етеричното масло со цитрусен мирис. Уште поедноставно е да оставите кора од портокал на неколку места низ домот. Не заборавајте да ги замените на секои 24 до 48 часа.


3. Костени

Пајаците буквално бегаат од костени, затоа можете да ги распоредите околу рамките на прозорецот. Предноста е што костените не се расипуваат брзо, па можете да ги менувате поретко.


4. Тутун

Истурете малку тутун на местата каде најчесто имате пајаци. Ако имате деца или домашни миленичиња, помешајте го тутунот со вода за да ги избегнете опасностите.

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава