Совети како природната елка оваа година да ви потрае подолго

Доколку и вие секоја година бирате природна новогодишна елка, свесни сте дека за нејзиниот избор и одржување ви се потребни неколку часа.

soveti-kako-prirodnata-elka-ovaa-godina-da-vi-potrae-podolgo-01.jpg

За оваа година да си ги скратите маките, а да го продолжите нејзиниот рок на траење, следете ги овие совети:

Колку е потешка елката, толку подолго трае

Пред да ја купите елката задолжително проверете колку тежи, советуваат продавачите. Потешките дрвца обично задржуваат повеќе вода, а самото тоа значи дека дрвото е поздраво и дека ќе трае подолго.


Смреката има поубав мирис, но елката е поиздржлива

Нордиската елка е совршена за во домот, затоа што игличките и се помазни и тешко паѓаат. Исто така гранките се посилни, што е одлично за сите украси кои сакате да ги наредите.

Вистина е дека смреката поубаво мириса, но не е толку издржлива на топлина колку елките, па ако веќе се одлучите за смрека, чувајте во просторија со умерена температура.

soveti-kako-prirodnata-elka-ovaa-godina-da-vi-potrae-podolgo-02.jpg

Новогодишното дрво треба да е подалеку од изворот на топлина

Ако живеете во стан најдобро е да го чувате дијагонално, односно најдалеку од радијаторите, но и од директната сончева светлина. Топлината го суши дрвото, а директната светлина предизвикува паѓање на игличките.


Вода и земја

Исечената елка во просек трае 4 до 6 недели. За да трае што подолбо, треба да го потсечете стеблото за сантиметар ипол и да го потопите во сад со вода. Покрај тоа редовно ставајте и вода и пропрскувајте и ги гранките за да ја освежите.

Би можело да ве интересира:

5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
10 луѓе кои со љубов си ги уредија становите во удобно катче од соништата, без помош од дизајнер „Само 23 квадрати се, но многу ми е удобно овде - има бања, а шпоретот е зад фри...
Пет совети како да додадете раскош и луксуз во домот Винтиџ украси, впечатлив лустер и внимателно избрани уметнички дела – со неколку...
6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...
Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...

Најчитани неделава