Како да го осветлите мрачниот и темен дом?

Ако домот ви е на северна страна, станот на приземје или во сенка од околните згради и дрва, тогаш многу добро знаете што значи да живеете во темница.

modern-yellow-room-ideas-living-room-.jpg

Освен што амбиентот не е пријатен, тешко е да не станете меланхолични во таков мрак.

Доколку долго време се мачите со овој проблем и запалените сијалици, овие совети конечно ќе ви помогнат да го осветлите домот:

1. Ѕидовите обојте ги во снежно бела или нежно жолта боја. На ѕидовите закачете слики и фотографии во живи бои.

2. Ако кујната е мрачна и малечка, добро би било горните и долните елементи да бидат во бела боја со висок сјај, а ѕидовите обоени во црвено.

3. Ходникот во кој нема ниту еден прозор, прекријте го со огледала од под до плафон. Тие ќе го направат визуелно посветол и поголем, а секогаш ќе ви се најдат кога ќе излегувате од дома.

4. Во собата која е посебно мрачна, таванот излепете го со светол тапет. Одбирајте живописни и колоритни дизајни кои делуваат ефектно.

5. Во ќошињата од собите ставете било каков извор на светлина - подни, вградени или ѕидни ламби, а атмосферата можете да ја подобрите со неколку бели или жолти свеќи.

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...

Најчитани неделава