Пролетно освежување на домот: 6 Икеа трикови кои може да ги направите сами
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
"Сто... 20-01-2021


Пролетно освежување на домот: 6 Икеа трикови кои може да ги направите сами

Не планирате да трошите пари на нова гарнитура, масички или завеси? Мислите дека доволно вложивте во домот, но сепак сакате нешто да промените пред почетокот на пролетта?

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-001.jpg

Послужете се со овие 6 трикови на Икеа кои можете да ги направите сами, со минимални трошоци.

1. Старите здодевни шкафчиња претворете ги во корисно парче мебел за складирање

Едноставно е - или обојте ги старите шкафчиња со боја за дрво или обложете ги со тапетот кој најмногу ви се допаѓа. Потоа ставете ги до креветот и користете ги како продолжена наткасна и место за складирање на облеката или ситниците во спалната.

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-01.jpg


2. Направете соодветен потпирач на креветот

Одберете материјал кој е во иста нијанса како бојата на шкафчето или во бојата која најмногу преовладува на тапетот, па обложете го потпирачот над главата. Зашијте го како навлака или заврзете со декоративни странични машнички, така ќе биде попрактичен кога ќе сакате да го исперете.

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-02.jpg


3. Старата полица претворете ја во мини шанк

Ако имате некоја стара дрвена полица која со години ви зафаќа место, а не се вклопува со остатокот од мебелот, дајте и поинаква намена. Видете од која страна е најздрава, обојте ја или додадете некоја декорација (на пример, обложете ја со тапет со дрвен принт) и превртете ја како мини шанк во средината на кујната.

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-03.jpg


4. Вложете во најевтините шанкерски столчиња и претворете ги во уметност

Или пронајдете некои стари и заборавени столчиња, па декорирајте ги. Обојте ги во боја спротивна од шанкот, поиграјте си со трендот на колор блокинг, зашијте пернички со дезен... На идеите им нема крај.

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-04.jpg


5. Обичната скала претворете ја во полица

Старата скала која веќе не е доволно цврста да ве издржи, сигурно ќе може да издржи неколку декорации, рамки за слики, книги, украсни шолји, сувенири... Фиксирајте ја за подот со гумички за да не се лизга и потпрете ја на ѕидот.

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-05.jpg


6. Украсете ја масичката за кафе

Исцртајте линии со боја, прекријте ја со тапет или ногарките обојте ги во нова, контрастна нијанса. Не ви треба многу време и пари, а за неколку минути ќе го освежи просторот затоа што ја има главната позиција во дневната соба.

proletno-osvezuvanje-na-domot-6-ikea-trikovi-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
Предмети од домот кои не треба да ги фрлате пред селење Многу луѓе преселувањето го користат како прилика да фрлат работи кои одамна не ...
12 трикови како домот да ви изгледа подобро, без да купите ништо Појдете на „шопинг“ дома, односно пронајдете стари парчиња во подрумот и со нив ...

Најчитани неделава