Зен дом: 20 Работи од кои треба веднаш да се ослободите

Кога во вашиот дом ќе започнат да се собираат ситници и да се создава неред, тогаш и негативната енергија започнува да тлее во просторот.

zen-dom-20-raboti-od-koi-treba-vednas-da-se-oslobodite-1

Сите знаеме колку е напорно чистењето на нередот во домот и доколку упорно чувате работи за кои сметате дека можеби некогаш ќе ви затребаат (а всушност тоа никогаш не се случува). Време е за промена!

Секој ден фрлајте барем по една од овие 20 работи и ослободете го просторот во домот за нова, позитивна енергија и за нови доживувања:

1. Дел од изгубените обетки - никогаш не е добро да чувате непар.

2. Честитки кои немаат сентиментална вредност - не го чувајте минатото.

3. Овенато цвеќе - знак за лош фенг шуи.

4. Гардероба која не ви одговара со години - освежете го гардероберот.

5. Подароци кои не ви се допаѓаат - дајте ги на некој кој би имал корист од нив.

6. Стара шминка и козметика - чувајте си ја убавината.

7. Износени чевли - вашите нозе имаат потреба од удобност.

8. Писма и подароци од бившите партнери/ки - вклучувајќи ги и оние од социјалните мрежи, едноставно избришете ги.

9. Скршени украси и магнети од фрижидер.

10. Книги кои веќе ги имате прочитано и ви зафаќаат место на полиците - подарете ги на луѓе кои не можат да си ги дозволат.

11. Стари весници - скенирајте го тоа што ви е потребно, а потоа фрлете ги.

12. Исушени лакови за нокти.

13. Рекламни понуди, флаери, летоци кои повеќе не важат.

14. Филмови на ДВД кои веќе еднаш сте ги гледале, а можете повторно да си ги симнете во било кој момент.

15. Стар кујнски прибор - тука спаѓаат сите тавчиња, тенџериња и прибор за јадење.

16. Скршени ланчиња и алки кои не можат да се закопчат - однесете ги на поправка, а доколку се златни секогаш можете да ги продадете во златара ако сметате дека веќе не би ги носеле.

17. Непотребни кантички и тегли - ви прават неред во домот, а тешко дека сите ќе ги искористите.

18. Стари пенкала, боички, фломастери - зарем не ви се чини дека секаде низ домот имате пенкало кое не ви работи? Фрлете го...

19. Стари шноли, ластичиња, венчиња и бижутерија која фатила рѓа.

20. Електронски уреди кои не функционираат - рециклирајте ги или ослободете се од нив, бидејќи и тие претставуваат пречка за ширење на позитивната енергија. 

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава