Фенг Шуи: 7 најголеми грешки поради кои имате негативна енергија во домот

Постојано се чувствувате несреќно. Немате доволно енергија. Постојат неколку нешта во домот од кои доколку се ослободите ќе бидете посреќни и поенергични во животот.

feng-sui-7-najgolemi-greshki-poradi-koi-imate-negativna-energija-vo-domot-1.jpg

Потребно ќе ви биде сосема малку да се потрудите и да се ослободите од грешките кои ги намалуваат вашите среќни околности. Со помош на кинескиот педагошки систем наречен Фенг Шуи можете да откриете што точно може да измените и веднаш да почувствувате приметни разлики во вас, како физички така и емоционално.

1. Справите за вежбање се во собата за спиење

Собата за спиење претставува место за опуштање и интимност. Токму затоа енергијата за активности и вежбање е непожелна на местото каде би требало да се смирите и опуштите. Поседувањето на било која справа за вежбање во оваа прсторија бргу ќе се покаже како тежина за постигнување на релаксација, внатрешен мир и интимна атмосфера. Препорака: Вежбајте на некое друго место во куќата.

feng-sui-7-najgolemi-greshki-poradi-koi-imate-negativna-energija-vo-domot-2.jpg

2. Дозволувате да се насобере нередот

Насобирањето на стари и непотребни работи ве заморуваат како физички така и емоционално. Поседувате стари весници? Нечистата облека е насекаде? Веројатно чувствувате дека имате помалку енергија од она што би посакувале. Токму затоа, погрижете се куѓата да ви биде чиста и ослободена од неред. Веднаш ќе се почувствуавте ослободено, здраво и полетно.


3. Имате преполни гардеробери

Алиштата од година во година ги собирате во гардероберот и никако не ви текнува да се ослободите од нив? Истите се наоѓаат насекаде односно, целата соба ви е претворена во еден голем гардеробер? На овој начин ги оттргнувате и оддалечувате луѓето од вас. Направете место за нови работи во вашиот живот и ослободете се од облеката која веќе неколку сезони не ви текнува да ја носите.

feng-sui-7-najgolemi-greshki-poradi-koi-imate-negativna-energija-vo-domot-3.jpg

4. Празни безживотни ѕидови

Во случај да поседувате некој голем ѕид кој е целосно празен, веројатно отежнато ќе се препуштате на задоволствата. Дајте си доволно време и простор да го украсите вашиот дом со уметнички дела. Доколку сте креативни и надарени можете и самиот ѕид да го насликате. Послужете се со убави постери, плакати или тапети.


5. Тоалетната школка е секогаш отворена

Жените со години се расправаат околу овој проблем. Причината е навистина добра. Самиот тоалет е место за ослободување од негативната енергија и токму затоа, истиот е секогаш насобран со неа. Покрижете се тоалетната школка секогаш да биде уредна и затворена. На тој начин ќе се ослободите од вишокот на негативна енергија.


6. Прозорите не се чисти

Прозорите се симбол за вашиот статус, слава и углед. Токму затоа доколку не се грижите редовно за нивната чистота, не дозволувате другите околу вас да ги препознаат вашите таленти и способности.

feng-sui-7-najgolemi-greshki-poradi-koi-imate-negativna-energija-vo-domot-4.jpg

7. Чувате непотребни работи

Непосакуваните подароци, без разлика на тоа дали се некаде на видно место или зафрлени длабоко во орманот, ќе предизвивкуваат да се присетувате исклучиво на непријатните работи од вашето минато. Еднаш засекогаш решете се од непосакуваните работи и ослободете се од оковите на минатото. Време е да продолжите понатаму.

Би можело да ве интересира:

10 детали во ентериерот кои го уништуваат скапиот изглед на домот Кабли и штекери насекаде, застарени завеси, празни ѕидови и прозорци – кои работ...
Пластични канчиња како саксии и уште 5 работи кои ги има во турските домови (а и кај нас) Милјеа на секоја рамна површина, дополнителни мали масички во некој ќош кои се п...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...
Пет причини зошто француските кујни изгледаат пријатно и убаво (дури и кога се хаотични) Во француските кујни, секогаш има парче мебел, декорација и слично што не е во с...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....

Најчитани неделава